НОВОГОДИШНИТЕ COCA-COLA КАМИОНИ НОСАТ РАДОСТ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ

Coca-Cola историјата раскажува дека во зимата 1995 година агенцијата W.B.Doner ги замислила украсените камиони како дел од новогодишната рекламна кампања. Christmas Caravans, како што ги нарекуваат биле украсени со светлечки декорации и други ефекти кои ја доловуваат магијата на празниците. Колку се вложило во креирањето на автентично магично искуство говори фактот што во реализација на идејата за празничната Cоca-Cola флота се вклучила компанијата за сценски ефекти Industrial Light and Magic која се потпишува на серијалот Војна на ѕвездите.

Во 1996 година караванот Coca-Cola ги претставува новите празнични пакувања. Во САД, Велика Британија, Австралија, Хонг Конг,  Јужна Африка, Сингапур и Филипини се појавуваат Santa packs кои се инспирирани од репрезентацијата на Дедо Мраз од славниот илустратор Хадон Сандблом кој во 30тите години на минатиот век бил ангажиран од Coca-Cola да создаде лик на Дедо Мраз за маркетиншки цели.

Во 1998 година рекламното видео со Coca-Cola караванот од камиони било емитувано во повеќе од 100 земји и опфатило неколку милиони гледачи. Се смета за најшироко распространета Coca-Cola реклама.

Следната година рекламата се снима во снежниот Ванкувер каде 3 камиони со помош на компјутерска симулација се претвораат во цела флота која оживува пред очите на дедото и внукот кои читаат приказна.

Две децении подоцна караванот Coca-Cola камиони редовно ги разубавува празниците. Во Велика Британија во 2019 од 15 ноември до 15 декември камионите поминаа 19 различни локации и носеа радост за населението. Во духот на празнувањето секоја година се организира хуманитарен сегмент. Кога луѓето се собираат да ги пречекаат камионите на најблиската станица од нивната рута тие си наздравуваат со Coca-Cola пијалак, а потоа се поттикнати да ја остават секоја лименка за рециклирање. За секоја лименка оставена во контејнерите за рециклирање Coca – Cola издвојува 10 пени наменети за фондот за бездомници. На тој начин големото семејство Coca-Cola потрошувачи се вклучува во две општествено одговорни активности: помош на бездомниците и рециклирање за „Свет без отпад“.

Во Австралија, караванот Coca-Cola камиони оваа зима беше симбол на радост и борба против изолацијата и осаменоста, особено на некои категории луѓе во општеството. На својот пат низ Австралија флотата ја ширеше поддршката и се собираа фондови за Salvation Army.

Во цел свет, новогодишните празници не би биле тоа што се без Coca-Cola украсените камиони.

Полна чаша на Instagram