
COKE SUMMERSHIP 2021

ПИВАРА СКОПЈЕ АД како дел од мултинационалните семејства на Coca Cola HBC и HEINEKEN ЈV ви овозможува комбинирана летна пракса (терен-онлајн), препознавање на вашиот потенцијал и почеток на вашето професионално усовршување.
ШТО ПРЕТСТАВУВА ЛЕТНАТА ПРАКСА:
Одлична прилика што ќе ти овозможи да го запознаеш светот на Пивара Скопје како дел од Coca Cola HBC & HEINEKEN; Ќе имаш работа на терен, но и онлајн, ќе работиш проект и ќе имаш состаноци со менторот и тимот; Ќе стекнеш нови знаења, ќе запознаеш луѓе, но и ќе се забавуваш; Праксата ќе трае 5 работни недели богати со работа и дружење почнувајќи од 12.07-20.08.2021.; Ќе имаш можност да одиш на терен и да ја следиш нашата екселенција во продажбата; Ќе имаш можност да анализираш податоци од целата групација и ќе можеш да ги користиш во рамките на твојот проект; Твојата работа ќе биде менторирана од докажани професионалци во областа; Сите студенти кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификати за учество; |
КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ПРИЈАВИШ ЗА ПРОГРАМАТА:
Сите заинтересирани и амбициозни студенти (од сите градови) кои се во последната година од своите студии, апсолвенти или постдипломци што имаат интерес во полето на Продажба, Маркетинг, Финансии, Производство и Логистика, можат да земат учество и да аплицираат заCoke Summership 2021 програмата. Пристапете на копчето Apply now и очекувајте да бидете исконтактирани за процесот на селекција. Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен. |
Сите заинтересирани кандидати ќе поминат преку дигитален процес на селекција, а пријавата ќе можат да ја реализираат најдоцна до 20.06.2021.
APPLY NOW
ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Затоа што ќе имаш можност да стекнеш реално работно искуство на терен и од далечина, прилагодувајќи го своето работно време и распоред;
Затоа што ќе соработуваш со меѓународни тимови на тековни проекти;
Затоа што ќе научиш многу нови пристапи и ќе запознаеш луѓе од целата групација на Coca Cola HBC & HEINEKEN;
Ќе имаш можност да воочиш како Пивара Скопје се соочува со новите предизвици и да комуницираш со реалните клиенти;
Затоа што често излегуваш надвор од комфорната зона и уживаш да работиш на проекти;
Затоа што знаеш да направиш (PowerPoint) презентација;
Затоа што течно говориш и пишуваш англиски.
ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот/та за Coke Summership 2021?
СРЕЌНО!