Студентско катче

COKE SUMMERSHIP 2021

Студентско катче

ПИВАРА СКОПЈЕ АД како дел од мултинационалните семејства на Coca Cola HBC и HEINEKEN ЈV ви овозможува комбинирана летна пракса (терен-онлајн), препознавање на вашиот потенцијал и почеток на вашето професионално усовршување.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЛЕТНАТА ПРАКСА: 

Одлична прилика што ќе ти овозможи да го запознаеш светот на Пивара Скопје како дел од  Coca Cola HBC & HEINEKEN;

Ќе имаш работа на терен, но и онлајн, ќе работиш проект и ќе имаш состаноци со менторот и тимот;

Ќе стекнеш нови знаења, ќе запознаеш луѓе, но и ќе се забавуваш;

Праксата ќе трае 5 работни недели богати со работа и дружење почнувајќи од 12.07-20.08.2021.;

Ќе имаш можност да одиш на терен и да ја следиш нашата екселенција во продажбата;

Ќе имаш можност да анализираш податоци од целата групација и ќе можеш да ги користиш во рамките на твојот проект;

Твојата работа ќе биде менторирана од докажани професионалци во областа;

Сите студенти кои ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификати за учество;

КАКО МОЖЕШ ДА СЕ ПРИЈАВИШ ЗА ПРОГРАМАТА:

Сите заинтересирани и амбициозни студенти (од сите градови) кои се во последната година од своите студии, апсолвенти или постдипломци што имаат интерес во полето на Продажба, Маркетинг, Финансии, Производство и Логистика, можат да земат учество и да аплицираат заCoke Summership 2021 програмата.

Пристапете на копчето Apply now и очекувајте да бидете исконтактирани за процесот на селекција. Бројот на кандидати кои ќе земат учество во програмата е ограничен.

 

Сите заинтересирани кандидати ќе поминат преку дигитален процес на селекција, а пријавата ќе можат да ја реализираат најдоцна до 20.06.2021.

APPLY NOW

ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВИШ?

Затоа што ќе имаш можност да стекнеш реално работно искуство на терен и од далечина, прилагодувајќи го своето работно време и распоред;

Затоа што ќе соработуваш со меѓународни тимови на тековни проекти;

Затоа што ќе научиш многу нови пристапи и ќе запознаеш луѓе од целата групација на Coca Cola HBC & HEINEKEN;

Ќе имаш можност да воочиш како Пивара Скопје се соочува со новите предизвици и да комуницираш со реалните клиенти;

Затоа што често излегуваш надвор од комфорната зона и уживаш да работиш на проекти;

Затоа што знаеш да направиш (PowerPoint) презентација;

Затоа што течно говориш и пишуваш англиски.

ПРИЈАВИ СЕ ВЕДНАШ и кажи ни во една реченица зошто баш ти си вистинскиот/та за Coke Summership 2021?


СРЕЌНО!

Полна чаша на Instagram