Запознајте ги нашите луѓе

РАЗВОЈНИТЕ ПРОГРАМИ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФОКУСОТ НА СЕКТОРОТ ЗА ЛУЃЕ И КУЛТУРА ВО ПИВАРА СКОПЈЕ

Разговараме со Емилија Велевска Арсовска, Талент Партнер во Пивара Скопје, за кариерниот раст и развој на Пиварци, за можносите кои вработените ги имаат во рамки на Пивара Скопје, но исто така и во рамки на двете групации Coca Cola CBC и Heineken. Низ неколку прашања ќе се обидеме да доловиме дел од програмите кои се спроведуваат во Пивара Скопје, за можностите кои им ги нудат на врабтените, како и за личното искуство на учесниците во овие програми.

  1. Еми, Во Пивара Скопје развојот на луѓето е во фокусот на твојата работа. Неодамна се реализираше програмата “Fast Forward 1”, па раскажи ни накратко што претставува оваа програма?

Програмата Fast Forward 1 (FFW1) е само една од развојните програми што Пивара Скопје АД, како дел од CCHBC им ги нуди на своите вработени. Наменета е за професионалци кои досега немале можност да водат тим, а кои покажале потенцијал за забрзан развој кон повисоки позиции во организацијата. Па така, во рамки на самата програма, учесниците работат и водат проекти кои се лично нивни, меѓутоа се надвор од нивната комфорна зона; проекти кои промовираат меѓусекторска соработка и се од голема важност за Пивара Скопје.

Програмата ја водам јас, на локално ниво, но со задолжителни сесии за обуките “Management Fundamentals (Project Management), Influencing Skills, Communicating with Impact (Presentation skills)”  кои ги спроведуваат колешките од “Group Learning and Capability” тимот.

  1. За кого е наменета “Fast Forward 1” програмата?

Согласно потребите на развојниот пат на колегите – Fast Forward 1 програма ја посетуваат оние Пиварци кај кои гледаме потенцијал и капацитет да растат и да се развиваат во рамки на Пивара Скопје и кои секако, во некоја догледна иднина, можеме да ги видиме како раководители на тимови.

Идејата на FFW1, како и на сите останати развојни програми е лидерите да ги градиме од внатре, односно, да инвестираме време, енергија и ресурси во нашите моментални врботени кои имаат потенцијал да се развиваат и да растат во нашата организација.

Секако, ова носи  бенефит и за самите вработени, но и за нас како компанија – за вработените,бидејќи  својата иднина ќе ја гледаат тука, во Пивара Скопје, ќе гледаат простор и можности своите кариери да ги развиваат во нашата компанија. Од друга страна пак, за нас како компанија, оваа програма за развој носи континуитет во развојот на тимовите, задржување на вработените во Пивара Скопје, намалена потреба од долготрајни регрутациски процеси и секако, ни овозможува да продолжиме да ја остваруваме нашата главна цел – да бидеме прв избор за континуиран развој на кариерата за нашите вработени, да ги унапредуваме квалитетните посветени вработени кои се пример за останатите во компанијата и кои ќе можат да водат по пример, носејќи ги со себе вредностите и културата што Пиварци ја имаат.

  1. Која е целта на постоењето на “Fast Forward 1” и какви бенефити им носи на учесниците?

Целта на оваа програма е да се забрза подготвеноста на самите учесници, полесно да можат да преземат раководни позиции во иднина. Програмата е така дизајнирана да им даде можност да стекнат критични искуства низ истата; искуства кои ќе направат промена на начинот на кој колегите размислуваат, согледуваат и решаваат некоја проблем-ситуација. Освен тоа, го моделираат и начинот на кој соработуваат со колегите, водат проект, презентираат и добри, но и не толку посакувани информации пред поголема група на луѓе.

Fast Forward 1 го скратува процесот на onboarding во ситуација кога колегите и колешките ќе добијат нова, раководна улога во компанијата, но им помага и да го одржат перформансот на завидно ниво, истовремено спречувајќи го или намалувајќи го ризикот од burnout-от од премногу информации и задачи на новата позиција.

  1. Гледано од перспектива на Талент Партнер, како некој кој ја има пошироката слика на тренинзи, обуки и програми за развој на вработените, какви други програми постојат во Пивара Скопје?

Во Пивара Скопје, во зависност од полето, групата на луѓе кои се таргетираат, како и нивната подготвеност за развој, програмите и тренинзите се поделени во неколку групи:

  • Различен тип на Core програми, во зависност од сениоритетот на колегите и колешките. Тука пред сè, акцентот се става на лидерството како основа за градењето на стабилни тимови со голем потенцијал, тимови кои ќе носат резултати и ќе помогнат Пивара Скопје да остане лидер на пазарот.
  • Повеќе нивоа на development програми кои вработените (кои се детектирани како Пиварци кои имаат потенцијал да растат во организацијата и да земаат повисоки позиции во структурата на компанијата) ги поминуваат пред да ја преземат повисоката позиција.
  • Women in Leadership програма во која колешките добиваат поддршка од лидерскиот тим на групацијата, со цел да им покажат на колешките како да го зголемат влијанието кои тие го имаат, но и да ги поттикнат да изградат уште подобра стратешка перспектива.

Дополнително, во Пивара Скопје, а со поддршка на групацискиот learning & capabilities тим, се имплементираат и дополнителни, функционални обуки на различни теми. Целта на овие обуки е да обезбедат подобрување/утврдување на вештините потребни за моменталните позиции кои колегите и колешките ги имаат, а ќе им помогнат да бидат уште поефикасни и полесно да можат да ги завршуваат работните задачи.

Сите овие програми се организираат со цел да се обезбеди континуиран раст на нашите вработени, без оглед на тоа дали тренинзите/обуките обезбедуваат подобри функционални вештини за моменталната позиција или пак, подготовка за некоја следна, повисока позиција.

 

Кристијан Илков, Унапредувач на Пазар:FFW1 беше одлично искуство за мене, каде што имав можност да учам и да се развивам, а истовремено да бидам и амбасадор на самиот себе. Целиот процес на програмата, задачите кои ги имавме и поставените временски рамки, за краток период успеа да направи евидентна разлика во моето знаење и вештини од пред почетокот на програмата и сега.“

Јовица Трајковски, Финансиски Аналитичар:Токму оваа развојна програма ми овозможи да ги зајакнам моите вештини и да ја зголемам својата самодоверба, бидејќи сметам дека преку ваков вид на програма можам да сè полесно да се справам со предизвиците кои ми претстојат во развојот на кариерата.

„Горд сум што дел од оваа организација каде што се препознаваат талентите и преку учеството во ваков тип на развојна програма им дава огромен мотив да продолжат да работат упорно за да ги постигнат своите цели за личен развој.“

Марија Таушанова, Тим Лидер: „Оваа програма ми помогна заедно со мојот линиски менаџер да ги утврдиме моите аспирации за развој и да се фокусираме кон развивање на истите. Инкорпорирањето на сè што научив преку оваа програма ми даде огромна поддршка за мојот развој во новата улога која ја добив во Пивара Скопје. Ме подготви за различни околности со кои се соочувам и во моментов како ѝ во надминување на сите предизвици.“

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram