Запознајте ги нашите луѓе

ФЛЕКСИБИЛНИОТ И ХИБРИДЕН МОДЕЛ НА РАБОТА ЈА УНАПРЕДУВА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ И Е СИЛНО ПРЕПОЗНАЕН ОД СТРАНА НА ЖЕНИТЕ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ

Во изминатите години се случија многу промени, како на пазарот на таленти така и во начинот на фукционирање на самите компании. Од една страна се променија преференциите и очекувањата на потенцијалните кандидати, а од друга страна пак компаниите препознаа нови потреби и очекувања на своите вработени и на оние кои сакаат да ги привлечат. Сето тоа, предизвика еден позитивен тренд, во кој се промени и целокупното искуство кое се гради меѓу компаниите и вработените/кандидатите, почнувајќи уште од процесот на регрутација.

Воведувањето на флексибилен и хибриден модел на работа е една од бенефициите која има значајна улога во унапредување на задоволството на вработените и  директно влијае на поставување на подобар баланс помеѓу работата и приватното време.

Во Пивара Скопје повеќе од три години функционира овој модел на работа, а минатата година и официјално го утврдивме како долгорочна бенефиција за нашите вработени.

Фактот што нашите вработени знаат дека ја имаат флексибилноста, имаат избор на кој начин ќе го организираат својот работен ден, значајно влијае на намалување на нивото на стрес, зголемување на благосостојбата и унапредување на балансот помеѓу работата и приватното време. За нас како компанија, ова пак значи, позадоволни вработени, со унапредено чувстсво на припадност кон организацијата, зголемена мотивација и продуктивност.

  • Нашите интерни истражувања покажуваат дека 85% од вработените чие работно место е во канцеларија, избираат да работат од дома еден, или повеќе денови во текот на неделата.
  • 71% од колегите кои избираат да работат од дома се чувствуваат целосно поврзани со организацијата и со колегите околу нив
  • Колегите најчество работат од дома во понеделник и петок

Во Пивара Скопје меѓусебната доверба и партнерски однос се нашите најсилни страни. И токму ова ни помогна во  воведувањето на овој значаен проект за нас како организација и истовремено бесценета бенефиција од страна на нашите вработени. Заедно со нашите колеги градиме поволна клима и си веруваме едни на други, имајќи во предвид дека сите сме одговорни, посветени и мотивирани личности. Флексибилниот и хибриден модел на работа функционира беспрекорно и уште еднаш го потврдува фактот дека не секогаш некој треба да е физички присутен за да ја заврши работата со најдобар можен квалитет и навремено.

 

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram