РИТУАЛИ НА ФУДБАЛСКИТЕ ФАНОВИ
Секој од нас знае дека најголемиот дел од спортистите имаат различни ритуали и суеверија непосредно пред старт на натпреварите, како што се чување на среќна паричка за време на играта, одредени гестикулации и мимики, носење на исти чорапи за секој натпревар. Но, какви ритуали прават нивните фанови кога се подготвуваат да гледаат фудбал, и какви верувања имаат додека трае натпреварот? Постои истражување кое води до следниве резултати:
- Најпопуларниот ритуал се однесува на потребата натпреварите да се гледаат со одредена група на луѓе:
 - Верување дека поголем број гледачи ќе придонесат за победа
 - Постојат фанови кои сметаат дека нечие присуство може да биде баксузно
 
- Втор на листата е ритуалот кој се однесува на носење одредени алишта за време на натпреварите:
 - Следење на натпреварот во истиот дрес, стар повеќе и од 20 години
 - Менување маици за време на полуфиналето за да се дојде до ,,посреќна’’ маица“
 - Вртење на различни парчиња од облеката наопаку за време на играта
 - Освен членови на семејството, некои фанови инсистираат и нивните миленичиња да бидат облечени во боите на омилениот тим
 - Некои навивачи одат дотаму што воопшто не го перат својот дрес за време на регуларната сезона, сметајќи дека тоа може да донесе лоша среќа
 
- Рани подготовки:
 - Носење на дресот еден ден пред играта, но некогаш и две недели однапред
 
- Навики и ритуали поврзани со храната и пивото
 - Јадење на одреден оброк и одредено пиво
 - Посета на ист ресторан или бар пред натпреваротт
 - Пиењето пиво со левата рака ќе му помогне на напаѓачот да постигне подобри резултати
 - Постојат навивачи кои не јадат или пијат додека тимот игра добро
 
- Седење на одредено место
 - Постојат фанови кои седат на своите среќни столчиња или места во нивните домови
 - Некои фанови воопшто не го напуштаат своето место
 
- Поставување на предмети на одредено место
 - Оставање три пaрички на подот за време на некој поголем меч
 - Поставување празни лименки од пиво на масата на исто место. Ако се поместат тоа ќе биде баксузно за тимот.
 
- Некои други интересни реплики:
 - “Не ја бричи брадата и не ја крати косата!”
 - “Не се туширај.”
 - “Не одговарај на телефонски повици од девојката додека трае натпреварот.”
 









