ПИВАРА СКОПЈЕ ЧЕТВРТА ГОДИНА Е ГЛАВЕН СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР НА НАЈМАСОВНАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА, ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Пивара Скопје и годинава, заедно со Пакомак, е водечки стратешки партнер на најмасовната национална еколошка акција, Генералка Викенд во организација на Мен анд Маунтен.

Волонтерите од Пивара Скопје денес собираа отпад на археолошкиот локалитет Кале во срцето на главниот град.

Од името на Пивара Скопје сакаме да им се заблагодариме на сите волонтери кои учествуваат во оваа акција и со тоа даваат личен пример како амбасадори на одржливиот развој. Ја препознаваме нашата должност како корпоративен граѓанин да придонесеме за одржлива средина и би сакале да ја искористиме приликата да апелираме до целата заедница, нашите партнери и сите оние со кои ги делиме истите вредности, да ни се придружат во остварување на визијата за создавање на одржлива иднина за сите“, изјави Снежана Савиќ Димовска, директорка за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје.

Во рамки на Генералка Викенд годинава од 17 до 19 мај ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 невладини и владини организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации.

Пакомак четврта година по ред ја поддржува оваа акција за чистење на локации ширум Македонија. Со вакви активности, симболично покажуваме дека со секој килограм селектиран и рециклиран отпад, придонесуваме за позелена планета и поздрава животна средина“, рече Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

Водечката партнерска улога на нашата компанија во организацијата на Генералка Викенд е дел од нашата долгорочна стратегија за одржлив развој и поддршката на ваквите акции е продолжение на нашите активности под платформата „Свет без отпад“ и иницијативата „Нула емисии на СО2 во атмосферата.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram