Ние и заедницата

ГОТВЕЊЕТО НАЈДОБРО СЕ УЧИ СО МЕНТОРСТВО

Ние и заедницата

Денес ви го претставуваме мастер шеф Здравко Крњајиќ од Словенија, Претседател на асоцијацијата на мастер шефови на Словенија. Имавме можност да го запознаеме на првиот интернационален гастрономски натпревар кој во октомври, годинава се одржа во Скопје. Прв пат во Македонија, полн со импресии од гостопримството на Македонците, традицијата и македоснката кујна, во кусо интервју за Полна Чаша, Крњајиќ ни раскажа за своето професионално искуство и што е типично за словенската кујна. Роден Словенец, со 36 години стаж во кулинарството, денес Крњајиќ е главен шеф на кујна на Рамада Хотел & Спа на Крањска Гора.

После многу години во оваа професија, сметате ли дека кулинарството може да се научи или за тоа е потребна дарба?

Zdravko-Krnjajic-2

Јас сум човек кој верува дека се може да се научи, нормално ако се сака. За оваа, како и за секоја друга професија во животот, потребна е љубов, посветеност и постојана надрградба. Како вљубеник во својата работа, кулинарството им го препорачувам на многу млади, кои се наоѓаат на прагот на животот и изборот на својата професија и со задоволство прифаќам да бидам нивен ментор и да ги подучувам, бидејќи сметам дека готвењето најдобро се учи со менторство.

Ваша специјалност е словенската кујна. Што е типично за неа?

Zdravko-Krnjajic-2

Словенската кујна има многу сличности со традиционалната балканска кујна. Но во еден сегмент, веројатно поради географската поставеност, и во кујната, се чуствува влијанието на соседите од север.

 

Живеете и работите на Крањска Гора. По што е позната и дали Крањска Гора има своја специфична кујна?

Zdravko-Krnjajic-2

Крањска Гора е најпознатото зимско туристичко место во Словенија. Се наоѓа на надморска висина од 806 метри и претставува највисоката општина во цела Словенија. Зимите на Крањска Гора се долги и студени. На такви климатски услови, организмот бара потешка храна. Во мојот ресторан во хотелот Рамада трпезата изобилува со многу месо, специјалитети од хељда, кисела зелка…

Редовно учествувате на гастро фестивали и натпревари. Причина за Вашата посета на Македонија е токму интернационален натпревар. Кој е Вашиот предизвик кога станува збор за гастро фестивали и натпревари?

Zdravko-Krnjajic-2

Предизвиците се големи. Од личен аспект, патувањата, запознавањето нови луѓе, стекнувањето нови пријателства. Од професионален аспект, се запознавате со кујни од други поднебја, испробувате нови вкусови, разменувате искуства со свои колеги од целиот свет и секако имате можност да се закитите со уште некој медал. Во Македонија сум првпат и знам дека ќе дојдам повторно. Луѓето овде имаат посебна срдечност и се исклучително гостопримливи. А, морам да кажам дека ме воодушеви и македонската традиционална кујна.

Сосема за крај, што препорачувате со пиво?

Zdravko-Krnjajic-2Без двоумење, кобасица и пиво. Тие се совршен пар на трпезата 🙂

 

 

 

 

 

Полна чаша на Instagram