
HEINЕKEN ПРОГЛАСЕН ЗА КРЕАТИВЕН МАРКЕТЕР НА ГОДИНАТА ОД „CANNES LIONS“ 2015

Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions објави дека за 2015 HEINEKEN е награден за креативен маркетер на годината. Признанието ги наградува оние компании кои се разликуваат со инспирирање иновативен, глобален маркетинг на своите производи и оние компании кои ја прифаќаат и ја поттикнуваат креативноста при бренд-комуникациите.
„Креативен Маркетер на годината од страна на Cannes Lions е наградена компанија која ги надминува границите на креативноста и која цврсто верува дека креативноста е движечка сила на бизнисот и може да ја подобри ситуацијата во светот“, изјави Филип Томас, генерален директор на фестивалот. Тој понатаму вели: „HEINEKEN дише и живее со креативноста преку целата своја организација, и има одлична рамка која им овозможува слобода на маркетинг-тимовите да експериментираат задржувајќи ја основната суштина на своите брендови. Тоа е доказ за компанијата која во последните три години, за шест од нејзините брендови доби 41 Lions награди, како и ценетата Гран При награда за креативна ефикасност. Знак кој укажува на важноста на креативната култура е фактот дека HEINEKEN e компанија која ја има освоено наградата двапати откако ја воведовме во 1992 година, носејќи ја дома и во 1995 г.”
Креативноста е одлична конкурентска предност бидејќи е мошне тешко да се замени. Се наоѓа во самото срце на врвни дизајнерски и маркетиншки програми, како и во иновациите. Целта на HEINEKEN е постојано да го вчудоневидува светот со своите брендови, со своите луѓе и со своите перформанси.
HEINEKEN беше одликуван со наградата во рамките на 62- иот фестивал на Cannes Lions кој се одржа од 21 до 27 јуни 2015.