
HEINEKEN СЛАВИ 150 ГОДИНИ СО ЦЕЛОДНЕВНА ЗАБАВА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК СО 150 ДИЏЕИ: DESTINATION GOOD TIMES
ПРОСЛАВАТА ШТО ЈА ЧЕКАВМЕ 150 ГОДИНИ!
Со голема роденденска забава, каква што му доликува на најпознатото светско пиво, Heineken ќе го прослави својот 150 роденден во Градскиот парк во Скопје, со 150 DJ-и на неколку сцени, со многу пропратни активности и содржини, во организација на Пивара Скопје.
Со овој настан, Heineken ја крунисува својата глобална кампања, која го слави неговото богато наследство, но и неговата моќ да ги собере и обедини луѓето и да ги инспирира заедно да создадат радосни и незаборавни моменти…на еден или на друг начин.
Токму ова ќе биде и наша мисија на големата забава во Градскиот парк – да го споиме најдоброто од нашата клупска сцена и заеднички да ја пренесеме таа енергија до сите гости кои се во потрага по незаборавни искуства.
Во духот на својата роденденска кампања, преку која истакнува дека не постои такво нешто како правилен изговор на неговото име, ниту пак правилен начин да се ужива во него сѐ додека го прави она за што е создаден: да те собере на едно место со луѓето што ти значат и со кои создаваш незаборавни искуства, Heineken ги спои најдобрите локални DJ-и, почнувајќи од пионери и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран артисти.
„Heineken е дел од клупскиот живот и музичката сцена во земјава веќе долго време. И без разлика дали артистите пуштаат или создаваат хип-хоп, денс, хаус, техно или било што друго, Heineken е секогаш тука да го поддржи нивниот талент…на еден или на друг начин. Така е и сега. Затоа, ајде сите на Destination Good Times!“ – изјави DJ Goce.
На 30 септември сите патишта водат до Heineken Destination Good Times. Повеќе информации за сите активности може да прочитате на официјалниот Инстаграм профил на овој линк. И не заборавајте – консумирајте одговорно!