КОИ МАТЕРИЈАЛИ МОЖЕТЕ ДА ГИ РЕЦИКЛИРАТЕ?

Да се потсетиме, рециклирањето е начин да се претворат  веќе употребените предмети во нови. Рециклирањето се применува веќе извесно време (од 1970-тите) и сите знаеме дека давањето на нова употребна вредност на предметите спречува тие да завршат како отпад на депониите , а сето тоа придонесува кон заштита на  животната средина која е наш зеднички дом.

Меѓутоа, не може сите предмети да се рециклираат (сè уште) и  засега важно е да знаете дека петте главни категории на отпад во домаќинството кои може да се рециклираат се: стакло, метал, хартија, пластика и текстил.

Рециклирањето исто така придонесува конзачувувањето на природните ресурси, создавањето поздрав воздух за дишење ипочиста вода за пиење.

За  да може предметите да се рециклираат тие претходно треба да се селектираат во соодветни наменски контејнери. Селектирањето е исто толку лесно како и фрлањето предмети во ѓубре, освен што, предметите одложени како отпад во соодветни наменски контејнери понатаму се рециклираат и се обработуваат во нешто ново. Предметите кои се рециклираат имаат за цел да станат ново пакување и нови производи. Кога вашите предмети се рециклираат се намалуваат стакленичките гасови и се заштедуваат природните ресурси и се намалува просторот наменет за депонии.

На етикетите на пакувањата на многу предмети кои секојдневно ги употребуваме   има означени симболи за рециклирање кои ни помагаат да идентификуваме како може да се рециклираат соодветните видови пакувања.

 

Усвоена како меѓународна ознака за рециклирање што значи дека материјалот може да се преработи/рециклира;

 

Меѓународен знак за пластична амбалажа што може да се рециклира.

Под симболот стои кратенка на хемиското соединение од кое е направена амбалажата, додека внатре во јамката од симболот е нумеричката ознака. Бројот внатре во јамката кажува колку е опасна пластиката од која е направена амбалажата.

 

Амбалажа за рециклирање.
Овој симбол е повик за акција да се рециклира колку што е можно повеќе.
Симболот се наоѓа на повеќето производи кои можат да се рециклираат.

 

 

Со овој знак производителот го поттикнува потрошувачот да се грижи за животната средина и му дава до знаење празната амбалажа да ја фрла на местата предвидени за таа намена. Симболот поттикнува совесно однесување, зачувување и заштита на животната средина.

 

 

Ова е европски симбол со кој производителите и/или добавувачите ги информираат клиентите дека придонеле финансиски и учествувале во рециклирањето на пакувањето на производот на кој е испечатен симболот. Тој НЕ мора да значи дека пакувањето може да се рециклира.

 

Симболот со прецртана корпа за отпадоци на вашиот производ покажува дека овој производ мора да се чува посебно до крајот од неговиот употребен век. Производите што ја носат оваа ознака не треба да се фрлаат како несортиран комунален отпад, туку треба да се фрлаат на одредени места. Ако под етикетата е испечатен хемиски симбол, тоа покажува дека производот содржи тежок метал (жива, кадмиум или олово) во концентрација над прифатливата граница.

 

Овој симбол ги потсетува луѓето да ги рециклираат своите празни стаклени шишиња и тегли.

 

 

 

Овој симбол покажува дека пакувањето е направено од органски материјал и природно ќе се распадне.

 

 

 

Селектирањето и рецеклирањето на отпадот не одзема многу време, не претставува дополнителен трошок а придобивките се неизмерни за заштита на нашта планета земја и овозможување на одржлива иднина и развој за подобро утре на сите идни генерации.

 

Да рециклираме, сите можеме да придонесеме!

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram