Запознајте ги нашите луѓе

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО УЧЕСНИЦИТЕ НА ПРОГРАМАТА LICENCE TO LEAD ВО РАМКИ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ПРОДАЖБА НА ПИВАРА СКОПЈЕ

Пивара Скопје во континуитет вложува во развојот на својата продажна сила. Визијата за 24/7 партнер за пијалаци подразбира дека секогаш сме агилни кога станува збор за новите трендови и потребите на нашите купувачи. Ова е една од најважните стратешки заложби на компанијата, а за таа цел потребно е да имаме постојан раст и развој на нашата продажна сила која се одвива преку сеопфатната Академија за продажба.

Една од наставните програми во рамки на академијата е и програмата Licence2Lead (Лиценца за водење), која всушност е и највисоката лиценца со која можат да се стекнат унапредувачите на пазарот. Преку успешно поминување на оваа програма, тие не само што дополнително ги зајакнуваат нивните продажни вештини, туку стануваат и експерти во нивната област. Секој што ќе се стекне со оваа едногодишна лиценца има можност да биде дел од најтесниот избор за понатамошен развој преку програма Regional BD development и Fast Forward 1, која отвора нови перспективи за кариерен напредок.

За еден унапредувач на пазарот да се стекне со Лиценца за водење, потребно е да демонстрира одличен перформанс од месец во месец и експертско познавање на материјата. Во продолжение ве запознаваме со четворица унапредувачи на пазарот кои годинава ја добија оваа лиценца, и го споделија нивното искуство, нивните очекувања и кои дополнителни вештини ги развија за време на програмата:

Драган Бајдовски

Како учесник во оваа програма, можам со сигурност да кажам дека програмата го надмина она што го очекував – најмногу во делот на личниот развој. Во текот на ова патување, го зајакнавме чувството на самодоверба, ги изостривме нашите комуникациски вештини и добивме конкретни алатки кои ни помагаат во секојдневната работа. Она што особено ми остави впечаток е нашата корпоративна вредност Ние пред јас – дека секогаш делуваме како еден тим. Имаме заедничка цел и сите работиме на развивање на нашите вештини со крајна цел – зголемена доверба кај нашите купувачи.

Ова искуство не беше само надградба на нашите професионални капацитети, туку и поттик за лична трансформација. Секој модул нè охрабри да излеземе од нашата комфорна зона, да размислуваме стратешки и да делуваме со интегритет. Денес, излегувам од оваа академија не само како посигурен унапредувач на пазарот, туку и како човек кој посветено работи на себе и на вредностите што ги носиме како тим.

 

Славче Митковски

Со голема благодарност и мотивација ја завршувам оваа програма, која целосно ги исполни моите очекувања. Сакав да го надоградам моето знаење и да бидам подобро подготвен за предизвиците на терен, а сето тоа со цел да создадеме заеднички победи со нашите купувачи. Академијата ми помогна токму во тоа – ми овозможи не само стручна надградба, туку и конкретни вештини кои веќе се одразуваат во секојдневната работа.

Особено би го издвоил развојот на моите преговарачки способности и самодовербата која се гради кога имаш поддршка, знаење и јасна насока. Секој модул беше чекор напред во мојата лична и професионална трансформација.

Оваа програма ја гледам и како пример за best practice кога станува збор за компанија што ги живее своите вредности – инвестира во развојот на вработените, создава можности за раст и, што е многу важно, ги препознава и вреднува успесите. Дополнителните награди и признанија не се само мотивација, туку и јасен сигнал дека сме на вистинскиот пат – како поединци и како тим.

 

Иван Гаврилоски

Како унапредувач на пазарот, а сега тим лидер, со сигурност можам да кажам дека моите очекувања од Академијата целосно се остварија. Преку програмата совладав вештини кои ми недостасуваа и кои ми помогнаа да станам посигурен и поефикасен во мојата секојдневна работа. Особено корисни ми беа Microlearning сесиите, преку кои ги надградив и продлабочив вештините што веќе ги поседував, но сега на едно повисоко ниво. Обуките поврзани со продажба на нови SKU-и ми помогнаа многу брзо да ги остварам зададените цели и да покажам конкретни резултати на терен.

Сепак, најголемиот бенефит од сето тоа беше можноста стекнатото знаење да го споделам со моите колеги од тимот. Тие со подготвеност го прифатија и го имплементираа на пазарот, со што уште еднаш се потврди важноста на нашата вредност „Ние пред јас“. Заедно, како тим, растевме не само во бројки, туку и во пристапот, во културата на учење и во начинот на кој пристапуваме кон нашите цели.

 

 

Тони Панчевски

Можам да кажам дека моите очекувања од оваа програма се целосно задоволени, затоа што ми помогна да разберам на кои аспекти треба да се фокусираме, каде да работиме на себе и како постојано да се надградуваме. Програмата не само што даде јасна насока, туку ми овозможи и конкретен напредок во моите преговарачки способности – благодарение на деталното совладување на материјалот.

Дополнително, ја усовршив вештината за продажба, со која успевам да ја раскажам нашата продажна приказна на начин кој е и уверлив и поддржан со релевантни бројки. Тоа придонесува за поголема доверба кај нашите купувачи и реална потврда дека токму нашето портфолио е најдобро на пазарот. Навистина се чувствува дека сме дел од компанија што не само што се грижи за своите купувачи, туку и за секој од нас како вработен – со што се гради стабилна, доверлива и мотивирана организација.

 

Продолжуваме активно да работиме на развојот на нашите луѓе – бидејќи растеме и победуваме заедно!

 

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram