
МАЈСТОР НА ДИЗАЈНОТ: COCA-COLA И НАСЛЕДСТВОТО НА РЕЈМОНД ЛУИ
Рејмонд Луи често е нарекуван „татко на модерниот дизајн“, а одиграл значајна улога во дизајнот на многу класици од 20 век. Меѓу неговите најпознати дела се: S1 локомотива, Sears Coldspot фрижидер, Greyhound Scenycruiser и впечатливата бело-сина униформа за Air Force One.
Луи бил познат по елегантниот и чист аеродинамичен дизајн, дури се појавил и на насловната страница на магазинот Time во 1949г.
Coca-Cola добива модерен изглед
Луи играл улога во дизајнот на некои класици за компанијата Coca-Cola. Компанијата најпрво го ангажирала со задача да ги модернизира нејзините автомати, но тој работел и на неколку артикли кои денеска се сметаат за класика – од симплифицираниот фрижидер до дозер за точилницата Dole Deluxe и каминонот Hobbs.
Во 1940г. Луи направил измени на Coca-Cola фрижидерот, но неговите измени никогаш не се комплетно спроведени поради почетокот на Втората светска војна. Меѓутоа на крајот на војната Coca-Cola го ангажирала Луи со задача да го редизајнира фрижидерот. Неговиот дизајн се одликувал со долги линии и заоблени агли и неколку функционални подобрувања. Капаците биле така дизајнирани да се отвораат од напред наместо од страна што на продавачите им го олеснило полнењето, а на купувачите пристапот до производот. Луи додал отоврач за шишиња на предната страна на апаратот и сад за собирање на капачињата, а на вратите ја додал пораката “Coca-Cola – послужете се“. Компанијата во 1947г. го претставила на пазарот модернизираниот фрижидер.
Луи исто така ја усовршил и точилницата со помош на модерно дизајниран дозер и унапредена опрема која овозможувала од еден галон да се послужат поголем број порции од галонот. Рекламите во тоа време укажувале на фактот дека унапредената машина може да ја зголеми заработувачката на објектите каде се продавала Coca-Cola на точење. Кога во 1947г. била претставена точилницата Dose Deluxe Fountain Dispenser веднаш станала класика.
Но Рејмонд Луи и неговиот тим дизајнери не биле готови. Го редизајнирале и Coca-Cola камионот за испорака вклучувајќи ги во дизајнот и сугестиите на Одборот за стандардизација на компанијата Coca-Cola, кој спровел анкета меѓу Coca-Cola полначниците ширум земјата со цел да се утврдат најважните карактеристики на возилта за испорака. Како и во другите проекти, Луи го освежил дизајнот на каросеријата така што додал заоблен изглед. Меѓутоа најголема промена била вертикално лизгачката врата (надземна- overhead door) која можело да се отстрани во летниот период. Новата врата овозможила поголем товарен капацитет и ја намалила максималната висина за сместување на сандаците со што се олеснила работата на доставувачите. Луи додал и простор заштитен од атмосферски влијанија за сместување на рекламниот материјал што бил доставуван до продавниците. Неодамна архивското одделение на компанијата Coca-Cola купило White Motor Company камион од 1949г. со Луиев дизајн на каросерија. Камионот извесно време бил изложен во музејот World of Coca-Cola, а се бара нова можност за негово покажување.
Вистината за славното Coca-Cola контурирано шише
Рејмонд Луи осмислил и неколку дополнителни дизајнерски решенија за компанијата (вклучувајќи го и дизајнот на оригиналното Фанта шише), но не може да се спомене името на овој великан во дизајнот без да се осврнеме на легендарното контурирано Coca-Cola шише. Дизајнот на ова шише многумина погрешно му го припишувале нему. Тој не учествувал во дизајнот на оригиналното шише од 1915г. кое е дело на фирмата Root Glass Company, но бил член на тимот кој во 1955г. ги осмислил кралското и фамилијарното пакување и работел на елегантната верзија на литарското пакување од шеесттите години на 20 век.
Сепак, Луи го кажал своето мислење за ова иконично шише. Во писмото до компанијата Coca-Cola го опишал контурираното шише со следните зборови: „Coca-Cola шишето е ремек дело на научното и функционално планирање. Накратко би го опишал како добро осмислено, логично и економично во поглед на материјалот и пријатно за гледање. Најсовршена „обвивка на течност“ денес и еден од класиците во историјата на амбалажата.“
Луи умрел во 1986г. во 92 година од животот, но неговата дизајнерска оставштина го продолжува својот живот.
Подолу: Масло на платно од 1949г. слика искористена за реклама во која се појавува точилницата дизајнирана од Рејмонд Луи Dose Deluxe Fountain Dispenser .