МАКЕДОНИЈА ИСПРАТИ ПОРАКА ЗА СРЕЌА КОН СВЕТОТ

Преку Амбасадорите на среќата на Coca-Cola

Големо срце во форма на сонце кое зрачи кон целиот свет доминира на специјално дизајнираното шише од Coca-Cola кое членовите на Експедиција 206 го добија како симбол на среќата на луѓето од оваа земја

Скопје, 29 јуни 2010 – Република Македонија и Скопје се 115-та дестинација што ја посетија Амбасадорите на среќата на Coca-Cola, во рамки на нивната глобална авантура „Експедиција 206“, именувана според вкупниот број земји кои ќе бидат посетени, а кој се поклопува со местата на планетата каде може да се купи најпопуларниот пијалак на сите времиња.

Интернационалниот тим Амбасадори на среќата на Coca-Cola, составен од американецот Тони Мартин, вработен како наставник во детска градинка во Германија, како и студентите Кели Ферис од Белгија и Антонио Сантијаго од Мексико имаат уникатна мисија – да дознаат што ги прави среќни луѓето во различни делови од светот и тоа да го споделат со останатите луѓе на планетата.

По изминати 400.000 километри и 180 дена непрекинато патување, Амбасадорите на среќата, кои во главниот град на Република Македонија допатуваа од нивната претходна дестинација – Словенија, имаа можност да ги впијат уникатните моменти на среќа што ги нуди ноќниот живот на Скопје, а во текот на денот да прошетаат и по улицата „Македонија“, каде можеа од прва рака да слушнат што е она што ги прави среќни луѓето од овој град и оваа земја – познати по своето гостопримство и хуманост.

Симболично, токму македонската порака за среќа содржана во специјално дизајнирано шише од Coca–Cola на која доминира големото срце на македонските граѓани во форма на сонце кое зрачи кон целиот свет, им беше предадена на Амбасадорите на среќата пред споменикот на Мајка Тереза – Скопјанката позната ширум светот по својата хуманост.

– Coca-Cola е еден од најпрепознатливите зборови на платената. Истовремено тоа е бренд кој повеќе од 120 години кој луѓето најчесто го поврзуваат со едноставните, но и најважните работи во животот за сите нас – среќата. Затоа целта на овој глобален потфат наречен „Експедиција 206“, е да ги обедини луѓето ширум светот околу темата среќа, пренесувајќи ги индивидуалните пораки и приказни за радоста и оптимизмот од најразлични места на планетата. Лично ме радува што Скопје и Македонија се дел од ова глобално патување затоа што знам дека луѓето од оваа прекрасна земја со големо срце имаат што да му кажат на светот во врска со среќата, изјави Ѓорѓи Христов, претставник на Пивара Скопје АД, предавајќи им го на Амбасадорите на среќата специјално дизајнираното шише Coca-Cola кое ја содржи македонската порака на среќата.

Во пораката, напишана во форма на добредојде за било кој светски добронамерник меѓу другото пишува …Вие сте во земјата на вечното сонце, на земјата на среќните луѓе. Вие сте во градот на солидарноста и хуманизмот…

– Импресиониран сум од ведрината и енергијата на луѓето што ги сретнавме овде и на нивните пораки и чувства за сето она што ги прави посреќни. Колку и да се различни нивните приказни, сите тие се поврзани кон љубовта кон својата земја што сакаат да ја споделат со целиот свет. Среќен сум што имав можност да ја посетам Македонија и овој прекрасен град и да го раскажам на целиот свет моето прекрасно искуство и дружење со луѓето од оваа земја со големо срце, изјави Тони Мартин, член на тимот Амбасадори на среќата на Coca-Cola.

На крајот од 365 дневната глобална авантура на Амбасадорите на среќата на Coca-Cola, шишето со пораката за среќа од Македонија ќе биде дел од уникатна колекција на вкупно 206 шишиња со пораки за среќа од сите краеви на светот, која ќе биде изложена во музејот „Светот на Coca–Cola” во седиштето на компанијата во Атланта, САД.

Следната дестинација која ќе ја посетат Амбасадорите на среќата на Coca-Cola е Бугарија, каде воедно тие ќе го претстават и шишето со македонската порака за среќа. Сите свои активности, дестинации, средби, искуства и пораки амбасадорите на среќата на Coca-Cola ги споделуваат со целиот свет преку www.Expedition206.com , а можат да се видат и доживеат и преку популарните социјални мрежи:

Полна чаша на Instagram