Ние и заедницата

МУЗИЧКИ НАСТАНИ ЗА ОВА ЛЕТО КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ГИ ПРОПУШТИТЕ

Ние и заедницата

 

Летото е веќе во полн ек, ви преостануваат неколку настани кои ќе загарантираат  ултра забавно, лето за паметење. Како сезона позната по насмевки и незаборавни доживувања, летото носи бесконечни можности за нови искуства, а  пак доколку сте љубители на добра музика и одлична забава, издвојуваме неколку одлични настани кои можете да ги посетите со пријателите, а секако и сами, бидејќи музиката креира идеална атмосфера за стекнување нови пријателства.

Ви ги претставуваме “must see and hear” настаните ова лето на кои што можеме заедно да се дружиме, со добра музика и пиво!

 

d festival dojran lineup

 

D festival во Дојран – 6/7/8 Јули

Д фестивал е вистински избор за оние што сакаат добра музика и кампување, а воедно и да ги откријат убавините на Дојран. По шестти пат, ќе ве забавуваат над 100 изведувачи на 4 бини, ќе имате можност да се дружите во кампот и да уживате во еден куп случувања во најпозитивната атмосфера во прекрасниот Дојран. Дел од артистите кои настапуваат се Paul Van Dyk, Disciples, Fink, Goran Trajkoski – Горан Трајкоски, Duke Bojadziev и многу други.

 

green beach festival 9 nina kraviz dj techno

Green Beach festival – 27 Јули

Веќе докажаниот Грин Бич фестивал ова лето се сели во Струга. По деветти пат, овој фестивал ќе биде настанот каде што ќе можете да слушнете квалитетна техно музика. Главен артист на фестивалот е најзначајната техно дама на денешницата Nina Kraviz, која за прв пат настапува во Македонија, додека останати локални артисти кои што ќе се погрижат за одлична атмосфера се Dejan Dex и Ana Malo.

 

Untitled design(5)

 

Ohrid Calling – 1/2/4 Август

Како и секогаш, Охрид Колинг никогаш не изневерува кога станува збор за светски артисти за добра забава. Први артисти кои ќе го започнат овој настан на 01.08 се познатите домаќини на славниот Tomorrowland фестивал, Dimitri Vegas & Like Mike. Потоа на 02.08 настапува една од најактуелните хаус ѕвезди во моментот Jax Jones, за подоцна во ноќта да настапи и живата легенда на хаус музиката, ROGER SANCHEZ. За екстра добра атмосфера последната вечер, „шлагот на тортата“ ќе го стави човекот кој четири години по ред беше прогласуван за најдобар Диџеј според списанието DJ Mag, а тоа е фантастичниот Аrmin van Buuren.

 

Ни преостануваат уште 2 топли месеци полни со настани и убави мигови, полни со изненадувања. А, кога сме кај изненадувања, следете нè будно на социјалните канали на Полна чаша.

Уживајте во долгите топли ноќи, со добра музика, добро друштво и добро пиво. Се разбира, консумирајте одговорно!

Полна чаша на Instagram