НА 49-ТАТА СВЕТСКА СЕЛЕКЦИЈА НА КВАЛИТЕТ “MONDE SELECTION” ВО БРИСЕЛ, БЛЕСНА СУПЕРИОРНИОТ КВАЛИТЕТ НА СКОПСКО

СКОПСКО е годинашниот добитник на трофејот за највисок квалитет и на 4 златни медали на Институтот за селекција на квалитет “Monde selection”, една од најрепрезентативните организации за проверка на квалитетот на пијалаците и прехранбените производи во светот

На годинашната, 49-та по ред светска селекција на квалитет на пијалаци и прехранбени производи СКОПСКО во стаклена амбалажа од 0,5Л и 0,33Л го понесе трофејот за највисок квалитет со кој се потврдува дека Вкусот на Македонија е воедно еден од најдобрите во светот.

Во конкуренција од рекордни, близу 2.000 производи од 83 земји ширум светот, СКОПСКО е единственото пиво од поширокиот регион кое го доби ова високо признание за квалитет.

Трофејот се доделува на производи кои континуирано го одржуваат највисокото ниво на квалитет и кои во 3 последователни години се добитници на златни медали за квалитет од страна на „Monde selection”.

Една од најбитните работи за консументите и потрошувачите е високиот квалитет на производот, но дефинитивно, и постојаноста на тој квалитет. Тоа ние во Пивара Скопје го знаеме и затоа се грижиме да го одржуваме највисокото ниво на квалитет на сите наши производи. Задоволни сме што тоа го препознаваат и ценат нашите потрошувачи, а горди сме што тоа е потврдено и од најреномираните светски институции каква што е Monde selection и тоа во конкуренција на најпознатите светски брендови, изјави Генералниот директор на Пивара Скопје АД, Константинос Спанудис.

Покрај трофејот за највисок квалитет, СКОПСКО и оваа година освои 4 златни медали.

Интернационалниот институт за селекција на квалитет “Monde selection” со седиште во Брисел (Белгија) е независна организација за проверка на квалитетот на безалкохолни и алкохолни пијалаци и прехранбени производи. Основан е во 1961-та година и признаен е од страна на Европската Унија. Проверката на квалитетот на производите ја вршат врвни специјалисти врз база на најстроги критериуми за контрола на квалитетот, современата производствена технологија и превентивната хигиена во сите нивоа на производниот процес. Тестирањето на квалитетот на производите го вршат сите членови на жири комисијата, независно еден од друг, врз основа на шифрирани мостри, по што податоците се споредуваат и се донесува конечната одлука за тоа кој производ треба да го понесе титуларот најквалитетен на светот.

Првиот медал за квалитет од “Monde Selection” на СКОПСКО му е доделен уште во 1978-та година. Оттогаш, па се до денес во Пивара Скопје АД се наоѓаат близу 200 медали, трофеи и останати високи меѓународни признанија кои сведочат за континуираниот врвен квалитет на СКОПСКО и останатите производи на Пивара Скопје АД.

Полна чаша на Instagram