Запознајте ги нашите луѓе

НАЗДРАВУВАМЕ ЗАЕДНО, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – ГОЦЕ МИТЕВ, ПИВАРЕЦ – МЕНАЏЕР ВО СЕКТОР ЗА РАЗВОЈ НА КОМЕРЦИЈАЛНИ СПОСОБНОСТИ

Гоце, ти си дел од тимот Пиварци речиси 10 години. Започна како Унапредувач на пазарот, а денес разговараме за твојот кариерен пат од позиција на Менаџер во Секторот за развој на комерцијалните способности. Ако треба да направиш една куса ретроспектива, како се одвиваше твојот професионален развој низ годините?

Кариерата во Пивара Скопје ја започнав како Унапредувач на пазарот. Се сеќавам како вчера да беше тој 1-ви декември 2013 година. На почеток не обучуваа колегите од тогашниот Секторот за Развој, а имав и огромна поддршка од мојот линиски менаџер и од колегите од тим Струмица.

Почетокот беше доста турболентен, но јас имав огромни амбиции и за период од само 3 месеци, успеав да постигнам извонредни резултати со раст од скоро 70 % на целиот перформанс. Успеав да се справам со голем број на предизвици, а во исто време да изградам одлични партнерски врски со колегите и секако со купувачите. Но секогаш се стремев за нешто повеќе, своите таргети не само што ги остварував туку и постојано ги надминував. Почнав да ја гледам големата слика и да носам одлуки кои беа во насока на подобри тимски остварувања. Овој мој пристап и мојата лична амбиција беа препознаени како потенцијал за развој од страна на мојот линиски менаџер и во Јануари 2015 год. станав Тим лидер, со што добив можност да го водам тимот за продажба во регионот Струмица. На почетокот од ова авантура заедно со тимот, си поставивме  тимска визија и направивме стратегија за развој на сите продажни територии. Успеавме да ги оствариме сите тимски таргети, а во исто време јас имав прилика преку компаниската платформа Fast Forward 1 да учам и да ги надоградувам своите лидерски вештини сè со цел да допринесам што е можно повеќе за компанијата и да ја оправдам довребата и можноста која ја добив.

Пивара Скопје покажа дека е компанија која им дава еднаква можност на сите кои имаат потенцијал за развој, па така во Февруари 2015 мојот потенцијал беше навистина земен во предвид и бев дел од центрите за развој, со што мојот кариерен пат ќе продолжи во доста поголем и регион кој има голем потенцијал за унапредување на продажбата.

Така во април 2016 застанав пред нов предизвик и се преселив да живеам во Битола. Огромен предизвик, а во исто време и супер прилика да покажам што знам и умеам. Ги искористив сите организациски вештини, работев на градење на продажните вештини, знаењето и компетенциите на членовите на тимот којшто го водев и секогаш се трудев да бидат мотивирани и да се чувствуваат поддржани и слушнати во рамки на компанијата. На 01. Април 2017 година се прикличив кон Секторот за Развој на комерцијалните способности како Тренер за продажба. Одлично бев прифатен од колегите и за краток период почнав самостојно да креирам и испорачувам тренинзи и обуки. За период од 4 години се сертифицирав за 38 модули, за да можам да ги испорачувам на колегите во комерцијалниот сектор и веќе испорачав повеќе од 200 тренинзи. Во јуни 2021 година ми се оствари сонот, застанав на позицијата Менаџер на Секторот за Развој на комерцијалните способности на Пивара Скопје. Моментално имам прилика да работам на реализирање на компаниските стратегии и да влијаам во делот на развивање на компаниската култура. Секогаш тежнеам да се водам според сите компаниски вредности и уживам во сите предизвици со кои секојдневно се среќавам и би рекол најдоброто допрва доаѓа.

Од денешна перспектива, кој е најголемиот предизвик на кој досега си работел? На што си особено горд од твојата досегашна работа, како дел од Секторот за развој на комерцијалните способности?

Апсолутно сум горд што сум дел од оваа 100-годишна автентична приказна наречена Пивара Скопје, која расте и се развива низ годините заедно со нас Пиварци и има значајно социо-економско влијание во нашата земја.

Како Пиварец имам постигнато голем број на извонредни продажни резултати, имам добиено награда за најдобра иновација на компаниско ниво во 2018 година, мојата денешна работна позиција ми овозможува да имам значајна улога во развојот на голем број на таленти,  но нешто на што сум посебно горд е тоа што бев проектен лидер на најголемата групациска платформа за учење и надоградување на комерцијалните способности а тоа е АКАДЕМИЈАТА ЗА ПРОДАЖБА.

Заедно со тимот кој што го водев, успеавме во период од 9 месеци да ја адаптираме, локализираме со целото наше портфолио на производи, интегрираме крос-функциски и успешно да ја лансираме Академијата за продажба во Пивара Скопје. Направивме целосна трансформација на почетното искуство на новите Унапредувачи на пазарот и воведовме лиценциран процес на учење преку лиценца за старт, продажба и водство. Успешно ги лансиравме платформите за сите нови и веќе постоечки Унапредувачи на пазарот, Телесел – оператори и Тим лидери. Резултатите за една година покажуваат дека сме на одличен пат при што новите колеги постигнуваат целосен перформанс за период од 4 до 6 месеци, а веќе за постоечките развивме платформа за учење преку која ќе ги надградуваме сите нивни напредни продажни вештини кои ќе им помогнат дополнително да го унапредат бизнисот со нашите купувачи.

Крајно благодарен сум на целиот тим кој неуморно работеше на лансирањето на Акадамијата за продажба, заедно лансиравме проект кој нуди дополнителна вредност на нашата продажна сила, од аспект на нови знаења и вештини кои им овозможуваат поефикасно да се справуваат со предизвиците на терен.

Што е она што тебе лично те мотивира?

Ме мотивираат можностите кои ги гледам пред себе, ме мотивира и моето семејство. Има една поговорка која вели оној кој ужива во секојдневните обврски, тој нема да работи ниту еден ден во животот. Јас секојдневно уживам во сите предизвици.

Пивара Скопје навистина им дава еднаква можност на сите Пиварци кои сакаат и се подготвени да се развиваат. На располагање имаме безброј групациски алатки и платформи кои се достапни во секое време, потребна е само желба за учење и желба за раст.  Ме мотивира фактот што сите одлуки се носат тимски, објективно, без пристрасности, а посебно ме мотивира нашата работна средина каде на секоја грешка се гледа како прилика за учење. Нема осудување на индивидуата, туку напротив, заедно учиме, заедно растеме и заедно ги славиме победите.

Што за тебе значи да си Пиварец?

Еднаш Пиварец, Засекогаш Пиварец. Тоа е чувство на припадност, гордост. Јас навистина се чувствувам како дел од едно големо семејство, во кое секојдневно, заедно, ги споделуваме сите предизвици и меѓусебно се поддржуваме. Културата која заедно ја градиме, заедништвото на кое ги поставуваме сите активности и бизнис планови, мене ми помага постојано да ја пронаоѓам во себе мојата подобра и подобра верзија, а со тоа да бидам подобра личност како на работното место, така и приватно.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram