














НАЗДРАВУВАМЕ ЗАЕДНО, РАСТЕМЕ ЗАЕДНО – ТРАЈЧЕ НИКОЛОВ – ПИВАРЕЦ – ПРОДАЖЕН СЕКТОР ВО ПИВАРА СКОПЈЕ
Трајче Николов, Менаџер за продажба, е колега од продажниот сектор во Пивара Скопје, кој се приклучи на семејството Пиварци во Maj 2016 година. Со голема гордост зборува за тоа како од повеќе 150 пријавени кандидати на тогашниот оглас, успева тој да ја добие позицијата. А со уште поголеми емоции зборува за предизвиците и искуството кое го стекнал низ годините.
Низ неколку кратки прашања, Трајче ќе ни ја раскаже неговата кариерна приказна во Пивара Скопје, зборува за својот личен кариерен раст и развој, за успесите кои ги постигнал, за неговата вклученост во развојот на колегите во неговиот тим, како и за улогата која тој денес ја има во компанијата.
- Трајче, 6 години си дел од тимот Пиварци. Започна на позицијата Тим лидер, каде успеа да се избориш со повеќе од 150 пријавени кандидати. Ако треба да се сетиш на твоите почетоци, што е она што би го споделил со читателите?
Мојата приказна во Пивара започнува во Мај 2016 година со тоа што се пријавив на оглас за Тим Лидер каде имаше пријавено повеќе од 150 кандидати. Беше тоа доста предизвикувачки период, се сеќавам дека поминав низ процес кој вклучување тестирања и доста детални интервјуа. Од кога ја добив позицијата бев исклучително среќен и задоволен бидејки ме одбраа мене од толку многу кандидати. Како сите почетоци така и мојот почеток во Пивара не беше лесен бидејќи влегов директно на позицијата Тим Лидер и морав паралелно да ја учам позицијата и за Унапредувач на пазар и Тим лидер, а воедно да го водам тимот и да остваруваме резултати. Но од оваа перспектива денес, среќен сум што имав баш таков почеток во компанијата, во кој благодарение на моите професионални квалификации и капацитети, успеав да се справам со предизвиците и подготвен да го преземам тимот со кој од самиот почеток успеавме да оствариме одлични резултати.
- На оваа позиција остана 5 години но, промени два реони. Што е она што го издвојуваш како особено добро искуство од овој период?
Токму така, имав прилика да водам два прекрасни тимови на кои сум посебно горд, на почетокот го водев тимот на Струмица и тоа во период од 2 ипол години каде што беше период и на моја адаптација во Пивара како и адаптација на тимот со мене за високи достигнувања. Потоа во Ноември 2018 го превзедов тимот на Охрид и заедно со семејството се преселивме да живееме во Охрид, таму запознав многу луѓе кои и денес ми се драги пријатели. Тоа што е заедничко за двата тима кои што ги водев како Тим лидер е дека примарна цел ми беа луѓето и нивниот развој па преку нивниот развој до врвни резултати. Искуството кое го стекнав беше доста значајно за мојот професионален развој со тоа што имав можност да видам два пазари од кој едниот исклучително развиен, а другиот каде сè се случува многу брзо и зависи од туристичката сезона, како и од нашите способности како тим да делуваме брзо.
- Минатата година се стекна со нова позиција, односно стана Менаџер за Теренска Продажба. Кажи ни нешто повеќе, што опфаќа оваа позиција, кои се твоите одговорности и работни задачи?
По прекрасните 5 години поминати во улога на Тим лидер, како и по остварените резултати во тој период, минатата година во Септември бев унапреден на позицијата Менаџер за продажба, во сегментот кој се однесува на теренската продажба на нашето портфолио на производи. Ова претставува огромен успех за мене и е чекор напред во мојата кариера кој што морам да го поминам за да ги достигнам моите кариерни аспирации. Истовремено оваа позиција носи и огромна одговорност бидејки тимот кој го водам се состои од 49 луѓе и е најголемиот продажен тим во земјата кој е задолжен за пололина од вкупниот волумен на продажба во рамки на Пивара Скопје. Работните обврски и одговорноста како Менаџер за продажба се навистина поголеми и имаат значаен инпакт врз целокупниот перформас, затоа се трудам да бидам во постојана и отворена комуникација со моите колеги. Фокусиран сум на тимската енергија, меѓусебната соработка на членовите на тимот, амбициите, растот и развојот на луѓето во тимот, а сето тоа води кон непречено остварување на одлични резултати.
- Ако треба да направиш една ретроспектива на изминативе шест години, што е она што го издвојуваш како најголемо достигнување?
За мене најголемо достигување секако се рекордните резултати кои ги постигнува Пивара Скопје. Тука сите работиме со иста цел, затоа особено ме радува придонесот кој во вкупниот резултат го имаат тимовите што јас ги водам. , За овие прекрасни шест години направивме многу успеси и срушивме многу рекорди. Горд сум на сите луѓе кои што добија моја поддршка за да ги аспирациите кои ги имаат и да ги добијат позициите кои ги посакуваат во нивниот кариерен развој.
Посебно можам да го издвојам последниот успех кои го направивме со High Impact Team-от каде што имав можност да го водам првиот ваков тим на корпорациско ниво кој обезбеди брз прогрес на проширени приоритети на бизнисот и воедно платформа за развој на таленти. Овој тим продолжи да функционира и беше споделен како најдобра практика во коорпорациите на кои припаѓаме, Coca Cola Helenic и Heineken.
- Оваа година Пивара Скопје прославува 100 години од своето постоење, а ти припаѓаш на генерацијата која ја има привилегијата да биде сведок на ова достигнување. Кажи ни, што за тебе значи да си Пиварец?
Да се биде дел од Пивара Скопје е гордост на секој еден од нас. Одговорноста како Пивареци која ја имаме не мотивира секојдневно да си помагаме едни на други, континуирано даучиме и да се надоградуваме за да може Пивара да ја задржиме и понатаму на ова ниво на кое е денес, кога всушност прославува еден век постоње. Пиварци се “жедни” за нови победи и нови достигнувања и во во наредните 100 години. Да си Пиварец значи да имаш второ семејство кое е секогаш со тебе во сите животни и професионални искушенија. На здравје и Среќен 100-ти Роденден Пиварци!