ПАТУВАЊЕ НИЗ ВРЕМЕТО СО СКОПСКО 2009 КАЛЕНДАРОТ

Во пресрет на 85 годишниот јубилеј

Најпознатиот македонски бренд СКОПСКО ја продолжува востановената традиција на комуникација со јавноста и консументите и промовирање на најдоброто од Македонија. Во годината во која „Пивара Скопје” АД го слави 85-иот роденден, календарот СКОПСКО за 2009-та на уникатен уметнички начин ја илустрира корелацијата меѓу промената на трендовите низ времето и развојот на СКОПСКО – еден од домашните брендови со најдолга традиција.

„СКОПСКО од секогаш било силно втемелено во културата на живеење на овие простори и дел од сите значајни моменти, настани, прослави на сите генерации, почнувајќи од раните дваесетти години од минатиот век, па се до денеска. Времето одминува, трендовите се менуваат, но СКОПСКО секогаш останува значаен дел од приказната. Оттаму, темата времеплов се наметна како логичен избор за СКОПСКО календарот за годината кога „Пивара Скопје” одбележува осум и пол децениски развој”, вели Мартина Мишеска, бренд менаџер за пивски брендови во „Пивара Скопје“.

Тимот „виновен” за создавањето на 12-иот по ред календар СКОПСКО и овојпат е составен од искусни домашни креативци предводени од Марко Стојановиќ – креативен директор и Дејан Ханџиски – уметнички директор од „Идеа плус комуникации”. Сценографијата е дело на Симон Апостолски, костимите и овој пат се креација на познатата модна креаторка Розе Трајческа, а фотографиите на календарот се мајсторија на Александар Ивановски.

„Календарот е уникатен медиум преку кој се негува нераскинливата врска на СКОПСКО со неговите обожаватели. Оваа година имавме дополнителен креативен предизвик да му додадеме и временска димензија на тоа безвременско пријателство”, вели креативниот директор на проектот Марко Стојановиќ. За фотографот Александар Ивановски, кој третпат работи на продукцијата на СКОПСКО календарот „високите естетски стандарди кои се применуваат во изданијата на СКОПСКО календарот сите нам во креативниот тим ни даваат можност да ги изразиме нашите уметнички афинитети. Впрочем, брендот СКОПСКО целосно го заслужува тоа”.

Во пресрет на празничната треска, СКОПСКО календарот ќе им биде достапен на сите љубители на СКОПСКО, со што тој и оваа година останува еден од најпосакуваните Новогодишни подароци.

За СКОПСКО

СКОПСКО е светло пиво со 11% екстракт и 4.9% алкохол. СКОПСКО има златно жолта боја и цврста бела пена. Карактеристичниот горчлив вкус доаѓа од хмељот кој, покрај водата, јачменот и квасецот, е четвртата основна состојка на доброто пиво.

За беспрекорниот висок квалитет и континуираната грижа за вкусот на консументите, во изминатите повеќе од 80 години, сведочат над 150-те златни медали и плакети од Меѓународниот институт за селекција на квалитетот „Monde Selection” и останати европски и светски признанија добиени во конкуренција на најпознатите светски брендови.

За Пивара Скопје АД

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија. Основана е во 1922-та година, а почнала со работа во 1924-та година. Во 1998 година Пивара Скопје АД стана дел од глобалното семејство на The Coca-Cola Co. и Heineken. Се протега на површина од 92.610 квадратни метри, со технички капацитет од 1.100.000 hl за производство на пиво; 5.000 t пивски слад; 1.900.000 hl безалкохолни пијалаци и 60.000 hl оцет.

Трајната определба на Пивара Скопје АД е на своите потрошувачи во континуитет да им обезбеди и гарантира висок квалитет на своите производи во чие производство се применуваат сите светски и домашни стандарди за квалитет и безбедност (HACCP; ISO 22000:2005; ISO 9001 и други).

Пивара Скопје АД е позната по своите производи, како што се пивата СКОПСКО, Скопско Silver Moon и Горско, како и светски познатите Amstel и Heineken. Во производствениот асортиман се застапени безалкохолните пијалаци Coca-Cola, Fanta, Sprite и Schweeps, водите Bonaqua и Rosa,, енергетскиот пијалак Burn, како и природно ферментираниот јаболков, вински и алкохолен оцет САЛАТКО, сувиот пивски квасец, сладот и сувиот требер.

Полна чаша на Instagram