
ПИВАРА СКОПЈЕ АД ИНВЕСТИРА ВО ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ФЛОТИ НА ВОЗИЛА

На 3 јули, во просториите на Порше-Македонија беа предадени 107 нови возила, кои се дел од целосно обновената флота на Пивара Скопје, а која до 2018 година ќе брои вкупно 128 нови возила.
Ова е уште една во низата инвестиции кои Пивара Скопје ги прави речиси едно столетие, а како што истакна Генералниот директор на Порше-Македонија, Златко Муцунски и една од најголемите флоти во Македонија, опремена согласно сите технички и безбедносни стандарди.
“Безбедноста на нашите вработени е нашиот највисок приоритет. Ако сакаме да зборуваме за развој и одржување на продуктивноста и конкурентноста, основни предуслови се квалитетот на работната сила и обезбедувањето соодветни услови и средства за работа, а Пивара Скопје АД континурано инвестира во овој сегмент. Убеден сум дека ова ќе ја зголеми безбедноста на вработените и на сите учесници во сообраќајот, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе придонесе кон подобри деловни резултати. – изјави на настанот нашиот Генерален директор, Јован Радосављевиќ, истакнувајќи дека колегите од комерцијалниот тим се наши Амбасадори и согласно тоа, очекува нивното однесување на терен да биде репрезент на нашата корпоративна култура и бренд репутација. За крај, ја сподели пораката на Сер Џеки Стјуарт во рекламата за HEINEKEN………Kога возите – никогаш немојте да пиете !!!
На присутните колеги им се обрати и Директорот на сектор логистика, Панче Ниновски кој даде кус осврт на карактеристиките на новите возила и придобивките од оваа инвестиција, ставајќи посебен акцент на заштита на животната средина и намалување на емисијата на CO2 за 22%, заради користењето на плински уреди, зголемениот волуменски товарен простор, поголема прегледност и безбедност во сообраќајот како и најсовремените уреди вградени во возилата; mobile eye, hands free, GPS итн. На крајот потсети дека сите корисници на кои овие возила им претставуваат работна средина редовно поминуваат и ќе поминат низ исклучително важна едукативна програма за правилно користење на возилото и уредите во него.