
EДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ВЕ ПОКАНУВА НА БЕСПЛАТНАТА ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“ КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ON-LINE И СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
Што ќе научам?
Преку конкретни чекори, интерактивни дискусии и преку размислувања во поглед на вештините за живот и вештините за водење бизнис, обуката „Вештини за успех” е создадена за да поттикне дополнителен напор за подобри резултати во барањето работа, отвореност за учење, нови искуства и страст во постигнување исклучителни резултати.
Животни вештини (јас и другите)
- Модул 1 – Разбирање и развој на себе
- Модул 2 – Интеракција и вмрежување со другите
- Модул 3 – Фидбек
- Модул 4 – Себе претставување
Бизнис вештини (јас и работата)
- Модул 1 – Управување со проекти
- Модул 2 – Управување со време
- Модул 3 – Деловно планирање
- Модул 4 – Преговарање
- Модул 5 – Финансиска писменост
- Модул 6 – Продажни вештини
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Која е целта на оваа обука?
Целта на обуката е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори. Со оваа програма го охрабруваме вработувањето и претприемачката култура и ги мотивираме младите да ја земат иднината во свои раце.
Колку време трае обуката?
Обуката ќе се оддржи во Едукативниот центар на Пивара Скопје на 23-ти, 24-ти и 25-ти април 2025 година, од 17:00 до 20:00 часот и воедно ќе може да се следи online на Zoom. Линк за пристап за следење на обуката ќе добиете на пријавената e-mail адреса.
Кој ја реализира наставата?
Наставата е реализирана од нашиот партнер Мотива Доо Скопје, која е високопрофесионална и компетентна компанија во областа на деловната едукација.
Како да се пријавам?
За повеќе информации и пријавување јавете се на: 02 3061 114, 02 3061 834 и 070 358 680, Едукативен центар на Пивара Скопје – Мотивa Доо Скопје или на следниот линк.
До кога треба да се пријавам?
Рокот за пријавување е до 22.04.2025 до 12:00 часот.
Ве очекуваме заедно да го изодиме патот до успехот!