ОГЛАС ЗА РАБОТА: ОПЕРАТОР ВО ЕНЕРГЕТИКА

Работна позиција исполнета со комуникација, предизвици, проектни и работни задачи и можности за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Високо образование или Средна стручна спрема во областа на машинството или електроструката;
  • 1 + години докажано работно искуство како специјалист во полето на одржување или енергетика;
  • Удобност и точност во работата со податоци и броеви, силни аналитички вештини, ориентираност кон детали со акцент на точноста и конзистентноста;
  • Прекувремена работа, решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време, ориентираност кон тимска работа, ориентираност кон дејства;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Добро познавање англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

Гарантира ефикасно управување со активностите во смената за одржување во енергетскиот блок (котларница, пречистителна станица за отпадна вода, хемиска преработка на вода, компресорско (ладење), рекуперација на ЦО2) и одговара за квалитетно машинско одржување на инсталациите и опремата, врши контрола на исправноста на подземните и надземните инсталации, како и арматурите во топлотните потстаници на објектите што се наоѓаат во секторот за производство на пиво и учествува во отстранување на дефектите, како и во имплементација на корпоративните барања и стандарди.

  • Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на целите на работата;
  • Го следи процесот во енергетика и реагира соодветно за да обезбеди ефикасно снабдување со енергенси на производството;
  • Врши преглед на завршени и тековни активности, одржува секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената, ги известува и ги советува во врска со планот за денот;
  • Составува неделни и дневни распореди за работа (луѓе, активности, цели);
  • Подготвува дневни, неделни и месечни извештаи за потрошувачка и заштеда на енергија;
  • Подготвува извештаи за потребите на БЦС и САП;
  • Врши анализа и дава сугестии за заштеди во процесот на производство на енергија (вода, гас, струја);
  • Ја управува и ја контролира работата на вработените во смената и подготвува распореди за организација на вработените во смени, како што е потребно;
  • Води евиденција за присуството или отсуството на работници во текот на месецот и ја доставува евиденциската листа до претпоставениот;
  • Се грижи за тоа секој член на тимот да биде соодветно опремен, обучен и насочен во извршувањето на работните обврски;
  • Одговара за тоа вработените во смената да ги применуваат важечките процедури;
  • Ја контролира употребата на лични заштитни средства и спроведувањето на мерките за заштита на животната околина, заштита при работа и ПП заштита согласно компаниските процедури и правилници;
  • Дава предлози за можни измени и иновации во врска со опремата;
  • Дава предлози за инвестирање во нова опрема;
  • Имплементира нови системи и методи за унапредување на организацијата на работата;
  • Организира монтажа на нова опрема и учествува во инсталирањето;
  • Ги почитува одредбите од РУП ‒ Работното упатство за погонот и одговара за тоа вработените со кои управува да ги применуваат важечките правилници и процедури на компанијата, вклучувајќи и спроведување на мерките за заштита на животната околина, заштита при работа и ПП заштита согласно компаниските процедури и правилници;
  • Има редовна соработка со сменоводителите во компанијата.

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да се аплицира:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Oператор во енергетика“, најдоцна до 23.6.2018 година.

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram