АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.

 

Што е тоа што го бараме:

  • Најмалку една година работно искуство во Контакт центар и грижа за корисници;
  • Одличен однос кон клиенти и потрошувачи;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Добро познавање на MS Office – Word, Excel, Power Point;
  • Напредно познавање на говорен и пишан англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

  • Управува со сите влезни и излезни повици од клиенти и потрошувачи, ги адресира и решава нивните барања и ги препраќа на повисоко ниво доколку има потреба;
  • Изготвува налози за нарачки од влезни и излезни повици, нуди производи од портфолиото на компанијата, ги информира клиентите и потрошувачите за цени и го поддржува тимот за продажба во креирањето на нарачки;
  • Управува со барањата од внатрешни и надворешни клиенти и потрошувачи согласно „front office“ процедурите;
  • Креира барања во систем за потребата од ладилници и инсталации за точено пиво и обезбедува извештаи;
  • Обезбедува лична посветеност и превзема акција за континуирано подобрување на процесите и ситемот;
  • Работната рутина ја адаптира кон беспрекорна поддршка согласно системот, корпотаривните иницијативи и најдобрите внатрешни практики.
    АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ

 

Како да се аплицира:

Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:

  • да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 9.1.2021 год.

Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

 

Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Пивара Скопје АД една од водечките компании во Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.

 

Полна чаша на Instagram