ОГЛАС ЗА РАБОТА: УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ЗА ДЕБАР
При секојдневното сретнување со нашите клиенти и потрошувачи, ти ќе бидеш лицето на Пивара Скопје. Во рамките на твојот нов тим, ќе добиеш поддршка за професионално развивање во пријателска и поттикнувачка средина. После позитивна процена на твојот учинок, ќе добиеш можност низ обуки да се подготвиш за лидерска позицијата и да го развиваш нашиот бизнис. Одлична можност да наточиш искуство со Coca Cola HBC & HEINEKEN.
Што е тоа што го бараме:
- Високо образование ќе се смета за предност;
- Возачка дозвола Б-категорија;
- Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
- Добро познавање англиски јазик;
- Чувство за односи со клиенти.
Краток опис на основните одговорности:
- Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот;
- Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа;
- Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата;
- Истражување и разрешување поплаки од клиенти;
- Генерирање и проследување нарачки до производителот;
- Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите;
- Подготовка на соодветна документација за продажба;
- Давање насоки на клиентите за употреба на производите.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 10.08.2020 год.
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 96 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.
- ACCOUNTABILITY • TRUST • GROWING • FUN • WIN WITH CUSTOMERS AS ONE•