
ОПЕРАТОР ЗА ПОДГОТОВКА НА СИРУП И ТРЕТМАН НА ВОДА
Одговорен е за кавлитетни и ефикасни извршување на работните задачи во одделот сирупана, согласно интерните правила и процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca-Cola HBC & HEINEKEN.
Што е тоа што го бараме?
- Високо образование во областа на Прехранбени технологии или Менаџмент на квалитет;
- 1 + години работно искуство во производство;
- Изразена способност за решавање проблеми, логика и споредба, квалитетна одлука, управување со време и ориентираност кон тимска работa;
- Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Краток опис на основните одговорности:
- Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на целите на работата;
- Води евиденција за призведени количини на производ;
- Зема учество во преглед на завршени и тековни активности, присуствува на секојдневни состаноци со тимот пред започнување на смената;
- Одговара за целокупната работа во смената и за исполнување на производниот план во својата работна зона;
- Води точна и прецизна евиденција за работата во сирупаната при одделот за производство на безалкохолни пијалаци;
- Превзема чекори за отстранување на помали неправилности на машината;
- Ја одржува чистотата на работните површини и врши дезинфекција по потреба;
- Носи соодветна работна опрема согласно стандардите за безбедност и здравје при работа, хигиенско-санитарните стандарди и моралните норми согласно компаниските процедури и правилници;
- Постојано се стреми кон подобрување на индикаторите за учинок на процесот на производство.
Како да се аплицира:
Кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниов начин:
- да пристапат на полето брза апликација и да прикачат своја кратка биографија и писмо за интерес најдоцна до 27.04.2021 год.
Апликациите што ќе пристигнат по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Работниот однос се заснова на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување договор на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до недела, 40 работни часа неделно во три смени.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.