ПИВАРА СКОПЈЕ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА ПРИДОНЕС НА ЦЕЛИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Следствено на добиената награда за „Предводници на Целите за одржлив развој“ во 2019, со ова признание се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, што компанијата го остварува континуирано, преку редовното работење, како и преку реализација на голем број општествено одговорни платформи во области како што се: eдукацијата и развојот на младите, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и благосостојбата преку промоција на активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, афирмирањето на родовата рамноправност и други области кои го унапредуваат квалитетот на животот на луѓето и заедницата.

За Пивара Скопје како еден од основачите на Пакомак и меѓу најголемите инвеститори во оваа компанија, е особено значајно што токму Пакомак оваа година ја освои наградата „Предводници на Целите за одржлив развој“.

Истовремено, со признанието се истакнува долгорочниот и стратешки пристап на Пивара Скопје кон одржливиот развој, како и определбата на компанијата во реализацијата на проектите да вклучи голем број партнерски компании, институции, граѓански организации и поединци, како и своите вработени и членовите на менаџментот, промовирајќи го на тој начин волонтеризмот, како посебен облик на општествено одговорно дејствување.

На церемонијата за доделување на наградите присуствуваа и заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, постојанатата координаторка на Обединетите нации во земјава, Н.Е. Росана Дуџак и извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова. Истакнаа дека за да се случи една промена, потребно е вистинско партнерство и заедничка борба и ги охрабрија и другите компании и поединци да го следат примерот на компаниите и поединците кои континуирано работат одржливо.

Ова признание ги верификува напорите на Пивара Скопје во реализацијата на проектите за одржливост што продолжи и покрај големите предизвици што ги наметна пандемијата од Ковид-19 – одржување на највисок квалитет на производите и на обезбедување помош и поддршка на сите на кои таа им беше најнеопходна во екот на пандемијата, како и интензивна реализација на проектите за заштита на животната средина и на водните ресурси. Пример за ова се активностите за унапредување на системот за управување со отпадот од пакување, каде преку партнерство со Пакомак, НВО-секторот и институциите континуирано се надминуваат поставените компаниски и национални таргети за собирање и третман на ваквиот вид отпад. Пивара Скопје и на младите продолжи да им обезбедува бесплатни онлајн обуки со кои им се помага да стекнат нови бизнис и животни вештини со што ги зголемуваат шансите за вработување.

За остварените резултати во одржливиот развој, Пивара Скопје, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, во 2020 година, по седми пат во последните осум години, го освои првото место во европската индустрија за пијалаци, според рангирањето што го спроведува водечкиот глобален стандард за одржливост во бизнисот – „Дау Џонс индекс за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Index).

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram