ПИВАРА СКОПЈЕ ЈА ПОСТАВИ ЗЕМЈАВА НА ГЛОБАЛНАТА PALOMA МАПА – КАЗА БАР Е ПРВАТА PALOMA АМБАСАДА НА THREE CENTS

Во организација на Пивара Скопје, официјален дистрибутер на премиум миксерите Three Cents, и во партнерство со Каза Бар, минатата недела се одржа дводневен настан по повод прогласувањето на Каза Бар за прва Paloma амбасада на Three Cents во Македонија — значаен чекор во развојот на локалната бар сцена.

Three Cents, бренд основан од бармени во Атина, е познат по своите природни, високо газирани пијалаци без конзерванси, создадени за да го издигнат коктел искуството. Нивната Pink Grapefruit сода е клучен елемент во култниот коктел Paloma, кој бележи глобална популарност.

Каза Бар, веќе две години го има Paloma коктелот како дел од своето сезонско мени, со рецепти кои го отсликуваат уникатниот стил на барот. Новото амбасадорство е официјално признание за нивниот придонес во промоцијата на овој коктел.

Дводневна прослава со едукативен карактер

Во рамки на дводневните настани, љубителите на коктели ужииваа во магијата на Александрос Сурбатис, глобален бренд амбасадор на Three Cents, кој заедно со тимот на Каза и Пивара Скопје понуди уникатно коктел мени инспирирано од Paloma културата. Ѕвезда на вечерта беше „The One & True Paloma“, коктел кој совршено ја претставува филозофијата на брендот.

Следниот ден, Каза беше домаќин на ексклузивен мастерклас, организиран од Пивара Скопје, наменет за професионалци и ентузијасти. Сесијата понуди увид во современата миксологија, значењето на карбонизацијата и развојот на Three Cents од идеја до глобален бренд. Василис Калантис, ко-основач на Three Cents вели дека се горди што преку Пивара Скопје започнале ново поглавје во земјава.

„Се радуваме на нашата нова соработка со Casa Bar, со што го одбележавме лансирањето на првата Three Cents Paloma амбасада во земјата. Ова партнерство претставува клучен чекор во развојот на нашите премиум миксери на еден нов пазар со голем потенцијал. Дводневните настани беа вистинска прослава која постави основа за едно возбудливо заедничко патување што следува. Длабоко веруваме дека нашите партнери од Casa Bar ќе го предводат Paloma трендот, и уверени сме дека страста и експертизата на локалниот тим ќе ја движат оваа визија напред. С.Македонија можеби е мала по големина, но е полна со енергија. Има заедница на амбициозни бармени и бар сцена која самоуверено стои рамо до рамо со најпознатите светски сцени,“ вели Калантис.

Преку овој настан, Пивара Скопје ја демонстрира својата посветеност кон развојот на бар културата, инвестирајќи во партнерства што носат светски трендови и нови искуства за македонските потрошувачи.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram