ПИВАРА СКОПЈЕ СО НОВ ЛЕТНИКОВЕЦ ГО РАЗУБАВУВА ПАРКОТ НА ФРАНКОФОНИЈАТА
Благодарение на омилениот пивски бренд „СКОПСКО“, а во духот на неговиот слоган „За нас“, убавиот, но подзаборавен Парк на Франкофонијата кој е дел од Градскиот парк, денеска доби нов летниковец, донација од „Пивара Скопје“. Паркот на Франкофонијата е еден од најубавите делови на Дебар Маало, а граѓаните отсега во него можат да го најдат своето ново омилено место за дружење и рекреација.
Летниковецот во Паркот на Франкофонијата е уште еден од вкупно 15 донирани летниковци кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, со цел во населбите низ Македонија да се вратат пријателствата, маалските анегдоти и приказни и сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.
„СКОПСКО“ пиво со оваа акција и со новите летниковци ќе донесе многу насмевки и ќе создаде уште подобри услови за да се раскажуваат и пренесуваат среќни приказни за маалските дружби, за пријателите, ЗА НАС!