
ПИВАРА СКОПЈЕ СО ДОНАЦИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ПРОТИВПОЖАРНИТЕ ТИМОВИ И ПОГОДЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ПОЖАРИТЕ
Вестите за активните пожари на неколку локации на територијата на нашата земја не оставија никој од нас рамнодушен.
Пивара Скопје преку нашиот долгогодишен партнер, Црвен крст донираше 25 тони вода и сокови, неопходни за хидрација на тимовите кои ги гасеа пожарите и на погоденото население, како дел од хуманитарната поддршка што Црвен крст од почетокот на борбата против пожарите неуморно ја дава.
Нашите мисли на поддршка се со сите кои се директно погодени во оваа елементарна непогода, што побрзо да заврши со позитивен исход.