ПИВАРА СКОПЈЕ ВО ПАРТНЕРСТВО СО GROUPER.MK ЗАПОЧНУВА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОДДРШКА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Пивара Скопје стартува со иницијатива за поддршка на угостителството, кое како сектор е најмногу погоден од глобалната пандемија. Под мотото “Бевте тука за нас, сега ние за вас” им помагаме на нашите партнери за полесно да се справат со новите промени и услови во кои се најдоа поради мерките за спречување на ширењето на COVID-19. За таа цел преку он-лајн платформата Grouper.mk, граѓаните ќе имаат можност да купуваат ваучери за својот омилен ресторан, кафана и кафе бар и со тоа директно да ги поддржат. Купениот ваучер ќе може да го искористат кога објектите ќе бидат повторно отворени.
Заедно можеме да помогнеме на што поголем број угостителски објекти, да покажеме дека сме солидарни и да придонесеме за позитивни промени.
Сите кои што сакаат да се приклучат на новата иницијатива на Пивара Скопје и да купат ваучер, можат тоа да го направат на следниот линк.