





Пивара Скопје и оваа година дел од 14тиот Октоберфест во Скопје
Повеќе од 1000 гости од бизнис секторот присуствуваа на традиционалниот Октоберфест кој се одржува 14 години по ред во организација на Македонско- Германското стопанско здружение.
И оваа есен претставниците на бизнис секторот, дипломатијата и медиумите имаа можност во Скопје да ја почувствуваат баварската традиција долга 223 години.
Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија и раководен член на Управниот Одбор на Македонско- Германското стопанско здружение и Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер на традиционален бравски начин со дрвен чекан го отворија чепот на првото буре со пиво, а со изреката “О’zapft is“ (чепот е отворен) официјално започна прославата на Октоберфест во Скопје!
Повеќе од 1000 гости од бизнис секторот, дипломатијата и медиумите уживаа во традиционална баварска кујна, германски и македонски пива и музиката на рок бендот South Park.
„Чест ни е што и оваа година Пивара Скопје е дел од еден од најпознатите фестивали на пивото во светот – Октоберфест. Ова дружење прерасна во традиција, како значаен настан за градот Скопје. Во Пивара Скопје сме многу горди на нашето широко портфолио на пивски брендови, на нашата долгогодишна традиција, одлично знаење, искуство и современа технологија за производство на пиво. Наша постојана мисија е да им овозможиме на сите љубители на пивото да ја почувствуваат магијата на овој прекрасен пијалок. Секако, особено сме посветени на промовирање на пивската култура, но и постојано потсетуваме на одговорна консумација“, – изјави Душан Митрев, генерален директор на Пивара Скопје
„За мене ова е првиот Октоберфест во Скопје и ме радува фактот дека една долгогодишна германска традиција е толку добро прифатена. Од година во година расте бројот на германските инвестиции во Северна Македонија, а со тоа се зголемува и бројот на нашите гости на Октоберфест.
1000 претставници на бизнис заедницата се вечерва со нас, заеднички да ги прославиме сите успеси, но и да наздравиме со студено пиво за посветеното работење “- Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија и раководен член на Управниот Одбор на Македонско- Германското стопанско здружение.
„Особено ми е мило што прославата на Октоберфест во Скопје прерасна во традиција, овој настан е од големо значење за градот Скопје, тој е важен за соработката како на економски, така и на културен план помеѓу нашите две земји“- рече амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Петра Дрекслер.
Прославата на Октоберфест во Скопје е особено значаен за соработката како на економски, така и на културен план со Германија. Октоберфест се слави и во Минхен и на овој настан доаѓаат повеќе од 6 милиони посетители. Годинава се одржува од 16 септември до 3 октомври.