ПИВО! ГЕНИЈАЛЕН ИЗУМ СО „ФОРМУЛА ЗА ЗБЛИЖУВАЊЕ“!

Периодов, многу причини за „собиранки“. Први Мај, ракомет, маратонски рекорди, концерти, свадби, родендени, мекици, излегувања, прослави, фамилијарни ручеци, друштвени игри, на секое место – луѓе со кои делите иста емоција, спомен или шега што само вие си ја знаете. Скопје како само да чекаше да расцути, да зажешти и да почне да се собира на маалски дружби, по домови, кафани и излети. Во таа еуфорична, раззеленета и разиграна слика за Скопје, секаде може да се забележи еден мал детал – пиво. Не сме позната пивопијска нација, ама знаеме да се радуваме со по една чаша ладен пијалак во рака. И кога ќе видиш така е, се радуваме и се жалиме, „хејтаме“ и „бистриме политики“ за животот, ама секогаш заедно и секогаш со една чаша до нас. ОК! Во школо дознавме за Њутновите закони, за Дарвиновата теорија, за теоријата на релативитет, радиобрановите и електрицитетот на Тесла, за Фројд, Пикасо, Дали, Бајрон, Гете… А на кого му текна да создаде толку генијален изум со формула за зближување?

Пивската историја започнува многу порано од овие пронајдоци.

Старите легенди кои датираат од пред 7.000 години велат вака: Еднаш многу одамна луѓето правеле леб под отворено небо и наеднаш започнала голема бура. Луѓето засолнувајќи се од невремето го оставиле тестото и кога се вратиле по два дена виделе ферментирана, густа течност. Ја пробале течноста и заклучиле дека тоа е одличен освежувачки пијалок.

Но, првите записи каде се споменува пивото и првиот пронајден рецепт за пивото го сретнуваме во книженоста – верувале или не! Во Месопотамија (древен Ирак), раниот доказ за пиво е 3900-годишната сумерска песна во чест на Нинкаси, божицата заштитничка на пивото, која го содржи најстариот преживеан пивски рецепт, опишувајќи го производството на пиво од јачмен, преку леб. Вториот пишан документ е епот „Гилгамеш“ каде пивото не е тајната напивка за бесмртност, но елексир кој Гилгамеш му го дава на дивиот пријател Енкиду.

Кај цивилизациите од пред нашата ера пивото често се сметало за поздрав и побезбеден начин на внесување течности отколку пиење на водата од реките. Пивото често го пиеле со долги сламки кои им помагале во филтрирање на густата материја. Во старите записи е внесено дека во тој период жените и свештениците го изработувале пивото, дури и било вклучено во свештеничките обреди. Во Египет пивото било од суштинско значење за градење на Големата пирамида во Гиза, затоа што на секој работник му биле доделувани по 5 литри пиво во текот на работното време, за одржување на виталноста и свежината на телото. Многу подоцна, во средниот век во Европа со откривањето и додавањето на хмељот, пивото почнува да го добива вкусот кој е близок на денешното пиво. Потоа ферментацијата во процесот на создавање на пивотото дошла случајно откако залихите пиво биле оставени на ладно и темно место. Тогаш и започнува од домашно производство да преминува во масовно.

Во Европа пивото одигрува клучна улога за време на чумата. Во тој период дури и водата била заразена. Во процесот на изработка на пивото, водата се вари и на тој начин повторно е чиста и здрава, па оние кои пиеле пиво во тој период успеале да се спасат и да преживеат.

Подоцна, масовноста на производството го доживеала својот цут со доаѓањето на индустријализацијата. Ефективноста се зголемила со пронаоѓањето на термометарот и хидрометарот.

На Балканот иако многу повеќе се произведувало вино, сепак имало и производсво на пиво, секако во домашни услови.

Во 1922 година се отвораат две пиварници во Скопје и во Ниш. Пиварницата во Ниш била со помал капацитет од таа во Скопје. Истата година е основано индустриското претпријатие Парна пиварница во Скопје. Основачи биле двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник.

Дури и за време на Втората Светска Војна пиварницата го користела максималниот капацитет за производство на пиво. Во 1942 година производството и продажбата на пивото ги достигнале рекордните 33.931 хектолитри.

Во различни Пиварници и на различни места, рецептите за подготвка на пиво се со исти основни намирници, но разликата е во комбинацијата. Онаа која била произведувана во Пиварницата во Скопје била донесена од Чесите кои ја основале. До ден денес Пивара Скопје се служи со истиот рецепт, со специфичен вкус со нагласена горчина и газираност.

Затоа, кога веќе ја имаме формулата за зближување, не чекајте повод, или доколку ви е потребен – создадете го! Излезете со најблиските, релаксирајте се, наполнете ги батериите, фотографирајте се! Еве и еден совет како совршено да наточите пиво во чаша:

  1. Исплакнете ја чашата со студена, свежа вода. Не сушете ја.
  2. Наточете. Држете ја чашата под агол од 45 степени. Исправете ја чашата полека додека се полни, потоа исправете го шишето.
  3. Секогаш отстранете го вишокот на пена. Почнете да ја отстранувате пената штом пивото ќе почне да претекува.
  4. Проверете дека пената е совршена, треба да има два прста пена.
  5. Послужете го со насмевка држејќи ја чашата за основата.
  1. Кренете ги чашите и… НАЗДРАВЈЕ,

За сите нас!

Полна чаша на Instagram