
ПЛАНЕР ЗА ПАКУВАЧКИ МАТЕРИЈАЛИ
КОИ СМЕ НИЕ
Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.
Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме – Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.
Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!
ШТО НУДИМЕ?
- Флексибилност во организирање на работното време
- Хибриден модел на работа кој овозможува работа од дома
- Целосно дигитализиран процес на работа базиран на современи алатки и технологии
- Фит кит – бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
- Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
- Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
- 24/7 осигурување од незгода
- Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации
ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
- Развивање и спроведување на планови за барања за материјали (MRP) усогласени со прогнозите и распоредите за производство.
- Одржување на оптимални нивоа на залихи и дополнителни залихи за да се балансираат нивоата на услуги и работниот капитал.
- Соработка со секторот за Набавки и добавувачи за да се обезбедат навремени испораки и да се комуницираат ажурираните прогнози.
- Следење на перформансите на добавувачите и ескалирање на ризиците поврзани со испораката, квалитетот и времето на испорака.
- Усогласување на снабдувањето со материјали со потребите за производство, решавање на недостатоците и поддршка на лансирањата на нови производи.
- Обезбедување на точност на мастер датата за материјали, вклучувајќи го времето на испорака, MOQ и безбедносните залихи.
- Генерирање извештаи за достапноста на материјали и KPI на залихите и анализа на трендовите за подобрување на планирањето.
ШТО БАРАМЕ:
- Високо образование;
- 2+ години работно искуство на идентична или слична позиција во производство и/или планирање;
- Напредно познавање на MS Office (Word, Excel, PowerPoint)
- Активно познавање и користење на деловниот англиски јазик;
- Аналитички вештини и работа со големи бази на податоци;
Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 14.09.2025 год.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 40 работни часа. Договорот за вработување е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
АПЛИЦИРАЈ ВЕДНАШ
Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 100 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот ви нуди вистински предизвик. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и Heineken.