ПРИЗНАНИЕ ЗА ПИВАРА СКОПЈЕ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРГЕ ИВАНОВ ЗА РАЗВОЈ НА МЛАДИТЕ
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов додели признание на Пивара Скопје за долгогодишната поддршка на “Меѓународната обука за млади лидери”, која под покровителство на претседателот на државата се одржува секоја година во Охрид.
Обуката е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба да ги развиваат своите лидерски вештини и капацитети и да придонесат за идниот позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
“Меѓународната обука за млади лидери” за првпат беше организирана во 2010 година, со цел да се стимулираат позитивните вредности кај младите лидери и идни политички, културни и економски предводници на нашата земја, но и да се развие нивниот капацитет за справување со предизвиците на глобалната технологија, меѓународната конкуренција и културната и религиска диверзификација.
Пивара Скопје е лидер во бизнис зедницата во едукација на младите и развој на нивниот потенцијал. Веќе 19 години Пивара Скопје, преку својот едукативен центар ја организира “Обуката за млади менаџери”, а од годинава започна и со проектот “Вештини за успех”, бесплатна обука за млади невработени лица.
Пивара Скопје ја поддржува “Меѓународната обука за млади лидери”, препознавајќи ги вредностите на овој проект и огромното значење на професионалната надградба на младиот потенцијал во државата.