ПИВАРА СКОПЈЕ ГО ПРОШИРУВА ПОРТФОЛИОТО СО ПРОИЗВОДИТE НА БРЕНДОТ POWERADE
Пивара Скопје континуирано го развива своето портфолио за да нуди пијалаци за секоја пригода во текот на денот и да биде 24/7 партнер за пијалаци на купувачите и потрошувачите, што е и една од најважните стратешки заложби на компанијата. Ова вклучува проширување во понудата на негазирани безалкохолни пијалаци со портфолиото на Powerade во мај 2024-та година. Достапни вкусови на нашиот пазар се Powerade “Mountain Blast” со вкус на шумско овошје и “Golden Mango” со вкус на манго.
Powerade е негазиран освежителен безалкохолен пијалак со јаглехидрати, електролити и витамин Б6, кој е специјално формулиран за оптимална хидратација, а прв пат се појавува во 1988 година.
- Растворите на јаглехидрати и електролити ја подобруваат апсорпцијата на вода и придонесуваат за зголемена издржливост за време на долготрајна физичка активност.
- Витаминот Б6 придонесува за нормално психолошко функционирање и намалување на заморот.
Powerade е совршен пијалак за консумација за време на интензивно, долготрајно вежбање, во моменти во кои е потребна соодветна хидратација, пред сè за професионални и рекреативни спортисти, но и за сите оние кои негуваат активен животен стил.
Преку глобалната платформа „Паузата е моќ”, Powerade ja пренесува пораката дека во свет во кој целта е да се победи, без разлика колку е тоа тешка и исцрпувачка задача, потребна е пауза и голтка освежување за да се вратиме посилни.
Застанете, направете пауза и дозволете моќниот Powerade да ве води кон секојдневните победи и да биде ваш триумф во шише.
Проширувајќи го своето портфолио со овој бренд, Пивара Скопје дополнително ја зајакнува позицијата на Powerade како прв избор за премиум искуство и продолжува да испорачува најдобар квалитет на пазарот.