














ПРВО МЕСТО ЗА ПИВАРА СКОПЈЕ НА 17-ТИОТ ХУМАНИТАРЕН АМАТЕРСКИ ВЕЛЕСЛАЛОМ ВО МАВРОВО















Снежана Савиќ Димовска, менаџер за правни работи во Пивара Скопје го освои првото место на 17-тиот Хуманитарен аматерски велеслалом во Маврово. Дел од овој велеслалом беше и тимот на #Пиварци, кои се натпреваруваа со тимови од други компании.
Главната цел за учеството на Пивара Скопје на овој велеслалом е преку скијање и бордање да донира за оние на кои им е најпотребна помош. Оваа година донацијата е наменета за организацијата “СВЕТУЛКА”, учесник и партнер на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“.
Собраните средства ќе се употребат за обнова на кујната во која се готви, за логистика и снабдување со ресурси, за да им се поделат оброци на оние кои не можат да си го дозволат тоа. Дополнително се подготвуваат и зимски пакети со топла облека.
Годинава на хуманитарниот велеслалом учествуваат повеќе од 70 тимови од различни компании во Македонија, што е одлична можност за зголемување на бизнис мрежата на Пивара Скопје, како и за одличен тим – билдинг на вработените.