Uncategorized

СЕ ГРИЖИМЕ ЕДНИ ЗА ДРУГИ УШТЕ ПОВЕЌЕ

Uncategorized

Новонастанатата ситуација заради коронавирусот предизвика ургентност од организирање на вонредни активности, како што беше владината акција за организирање на транспорт за наши сограѓани кои се најдоа затекнати во други држави и сакаа да се вратат дома. Согласно владините мерки, сите што се вратија беа директно упатени во државен карантин во хотелските капацитети кои беа отстапени за оваа намена. Сите овие активности се одвиваа со голема брзина и зголемен интензитет, што придонесе хотелските капацитети да немаат доволно време целосно да се подготват за да одговорат на потребите на луѓето веднаш по нивното сместување, па затоа многу компании се вклучија со помош во обезбедување на потребните производи и услуги.

Во еден таков момент, повик за помош дојде од нашите купувачи – хотелите Епинал и Молика, кои ги отстапија своите сместувачки капацитети за потребите за спроведување на државен карантин. Дониравме наши производи (вода и сокови) уште истиот ден, преку нашиот Дистрибутивен центар во Битола. Дополнително дознавме дека во хотелот Епинал се сместени и блиски членови на семејството на нашата колешка Тања, така што за нив обезбедивме дополнителни количини на наши производи.

 

Голема благодарност до колегите од Комерција за нивната брза реакција со што успеавме да ги доставиме нашите производи веднаш по добивањето на барањето за донација.

Особена чест, задоволство и гордост ми е што сум дел од Пиварското семејство. Во  време на пандемија и несигурност, Пивара е мојот втор дом, семејство кое се грижи не само за мене како вработена..туку и за моите најблиски.       

Во оваа прилика би сакала и јавно да му се заблагодарам и на колегата од Д.Ц Битола, Петар Јованоски,  за неговата несебична поддршка, помош и соработка, кој се погрижи сместувањето на мојата ќерка во државниот двонеделен карантин да го направи попријатен и да има доволно освежување.

Колега ти Благодарам!

Уште еднаш се докажа дека Пивара е една од компаниите каде грижата, посветеноста, вниманието и семејните вредности се таргети кои ги имаме и ќе продолжиме да ги постигнуваме, и се надевам дека и другите компании ќе го следат и ќе бидат како нашиот тим. Ме правите горда… Ви благодарам! – ни јави колешката Тања.

 

Сите знаеме колку грижата за добросостојбата на најблиските е голема и колку значи поддршката во такви моменти. Како едно големо семејство Пиварци се грижиме едни за други, а секое надминување на предизвиците е заеднички успех.  

#StaySafe  #FamilySupport  #Pivarci  #CommunitySupport  

Полна чаша на Instagram