СКОПСКО – ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА ПИВОЛЕНД 2010

Вкусот на урбаната забава Спој на добра музика и квалитетно пиво

Од 15-ти до 19-ти септември тврдината Кале и старата скопска чаршија стануваат центар на светот за љубителите на пивото и добрата забава. Традиционално, токму во партнерство со СКОПСКО, фестивалот на пивото ПИВОЛЕНД и годинава ќе го збогати културно – забавниот живот во главниот град на Република Македонија

Еднаш во годината, овојпат од среда 15-ти, до недела 19-ти септември, тврдината Кале и старата Скопска чаршија добиваат нова улога која го надополнува нивното значење за животот на главниот град на Република Македонија – прераснуваат во „територии на пивото“ и добрата забава за сите пријатели на пивото. ПИВОЛЕНД 2010, преку атрактивната музичка програма, „зачинета“ со вкусна храна и квалитетно пиво по промотивни цени, ќе им понуди на посетителите уникатна можност за дружење и забава.

– За СКОПСКО отсекогаш важело дека е таму каде што се неговите љубители. Тоа е неодминлив дел на секоја прослава на животот и радостите што тој ги носи преку дружењето и забавата. Затоа, сосема природно е што, и годинава, како и сите изминати години, СКОПСКО е генерален спонзор на овој незаборавен фестивал на пивото, за чиј сјај секако најзаслужни се неговите посетители. Токму тие во текот на изминатите години од одржувањето на ПИВОЛЕНД докажаа дека знаат да ја ценат и да уживаат во добрата забава за која како и секогаш се погрижи и СКОПСКО.

Во 5-те фестивалски денови на пивото во Скопје, преку најразновидна музичка програма која ќе се одвива на сцените поставени на влезот на старата чаршија и на тврдината, посетителите на ПИВОЛЕНД ќе имаат можност да уживаат во настапите на 30-ина музички групи и изведувачи. Програмата е прилагодена кон вкусовите на сите генерации, вљубеници во музиката и доброто пиво, почнувајќи од традиционалната македонска песна, преку легендарни ex-YU состави, па се до трендовските џез, поп, рок и денс изведувачи од земјава, регионот и пошироко.

Полна чаша на Instagram