СКОПСКО – ОФИЦИЈАЛЕН ПИЈАЛАК НА СКОПЈЕ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛОТ 2010

Вкусот на моќниот џез

За годинешното 29-то издание на Скопскиот џез фестивал, Пивара Скопје промовираше и специјално пакување на СКОПСКО со уникатна етикета која го симболизира нераскинливиот спој на моќниот џез со СКОПСКО

СКОПСКО останува нераскинлив дел и придружник на сите најважни случувања во животот на Македонија. Овојпат тоа е светски познатиот Скопски џез фестивал кој како официјален пијалак, на своето 29-то издание, ќе го има токму СКОПСКО.

Со цел големиот собир на џез елитата да добие што поуникатен и неповторлив сјај, Пивара Скопје специјално за овој настан го промовираше Скопско limited Jazz edition во пакување од 0,33л, со уникатна етикета и во ограничени количини.

“СКОПСКО и Скопскиот џез фестивал ги поврзува многу нешта, почнувајќи од квалитетот, традицијата па сè до урбаниот стил на живеење. Но, сепак најважната нивна заедничка карактеристика е силната врска што ја имаат со нивните љубители. Едните ја чувствуваат преку неповторливите ноти, другите преку неповторливиот вкус, a заедно, СКОПСКО, Фестивалот и публиката, чинат нераскинлив спој за целосно уживање” изјави Соња Тодорова, маркетинг менаџер на Пивара Скопје АД.

29-то издание на Скопскиот џез фестивал, кое започнува на 21-ви октомври, повторно на едно место ги собира најеминентните имиња на џезот од различни светски меридијани, почнувајќи од Бразил, Куба и Соединетите Американски држави, преку Велика Британија, Норвешка, Холандија, Белгија и Италија, па се до Нов Зеланд. Програмата на годинешниот празник на џезот во Скопје ја сочинуваат 12 концерти, распоредени во 4 фестивалски ноќи на 3 сцени, во Универзалната сала, во Македонската опера и балет и во клубот Hard rock.

“Моќниот џез и СКОПСКО имаат ист вкус, вкус на задоволство и уживање, проткаено со забава. Сигурен сум дека и овојпат СКОПСКО ќе приодонесе за креирање на незаборавна атмосфера што ја гарантираат многубројните исклучително квалитетни и талентирани џез артисти кои ќе настапат на годинешното издание на фестивалот” изјави Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез фестивал, потенцирајќи дека присуството на СКОПСКО на овој настан ќе им овозможи на изведувачите да го понесат со себе и Вкусот на Македонија.

Полна чаша на Instagram