СКОПСКО ПЛАТФОРМАТА „НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСТ“ И ОВАА ГОДИНА ПРОДОЛЖУВА СО КАМПАЊА ЗА СОБИРАЊЕ СРЕДСТВА ЗА ЗАШТИТА ОД ЗАГАДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ОБЕЛЕЖЈА

СКОПСКО продолжува со активностите во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ И во годината во која брендот СКОПСКО одбележува 100 години постоење продолжува партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи, а пред сè со лојалните купувачи и потрошувачи на брендот. Во фокусот на платформата останува главната цел заштита на животната средина и националните обележја.

Веќе започна продажбата на специјално обележаните шишиња СКОПСКО и СКОПСКО Smooth во рамки на новата иницијатива за собирање средства. За секое продадено шише, 1 денар ќе биде наменет за организирање на неколку акции и инвестиции во опрема за чистење, собирање и селектирање отпад и зачувување на животната средина и македонските знаменитости.

„Продолжува нашата посветеност на зачувување на нашите природни убавини. Фокусот на СКОПСКО како бренд е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар. Заедно ја делиме одговорноста за да го исчистиме и да го заштитиме од загадување она што е наша гордост – природните и културни обележја на нашата земја. Оваа кампања ја нагласува долгорочната заложба на СКОПСКО за одржливост, повикувајќи ги сите да придонесат за почиста, позелена иднина.“, вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.

Минатата година во рамки на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ беа реализирани акции за чистење на дното на Охридското Езеро и крајбрежјето како и поставување на пловни препреки на реките Сатеска и Даљан за да се спречи загадувањето на Езерото со пловен пакувачки отпад.

Како компанија ориентирана а кон иднината, Пивара Скопје со СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ ќе опфати и други национални обележја во земјата и ќе ги обедини  граѓаните, организациите и институциите кои споделуваат слични вредности.

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram