ОГЛАС ЗА РАБОТА: АГЕНТ ЗА ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.

 

Што е тоа што го бараме:

 

  • Високо образование (BSc);
  • Најмалку една година работно искуство во контакт-центар и грижа за корисници;
  • Одличен однос кон клиенти и потрошувачи;
  • Одлични вербални и писмени комуникациски вештини;
  • Добро познавање на MS Office ‒ Word, Excel, Power Point;
  • Напредно познавање говорен и пишан англиски јазик.

 

Краток опис на основните одговорности:

 

Се грижи и раководи со сите влезни и излезни повици на клиенти, нивни барања, поплаки и прашања од потрошувачи и други партнери во согласност со компаниските процедури, законските регулативи и корпорациските стандарди на Coca Cola HBC & Heineken.

 

  • Управува со сите влезни и излезни повици од клиенти и потрошувачи, ги адресира и ги решава нивните барања и ги препраќа на повисоко ниво доколку има потреба;
  • Изготвува налози за нарачки од влезни и излезни повици, нуди производи од портфолиото на компанијата, ги информира клиентите и потрошувачите за цени и го поддржува тимот за продажба во креирањето нарачки;
  • Управува со барањата од внатрешни и надворешни клиенти и потрошувачи согласно процедурите „front office“;
  • Креира барања во систем за потребата од ладилници и инсталации за точено пиво и обезбедува извештаи;
  • Иницира интензивна меѓусекторска комуникација со цел беспрекорна услуга кон клиентите и потрошувачите;
  • Секојдневна комуникација со дистрибутивните центри за достапноста на производи, количини и промоции;
  • Ги разгледува сите релевантни фактори и користи соодветни критериуми и принципи при донесувањето одлуки;
  • Контактира со клиентите и потрошувачите и креира внатрешни истражувања за задоволството во однос на тикетите и општо за работењето со Пивара Скопје АД;
  • Континуирано се обидува да воспостави и да развие можности и начини за задоволување на потребите на клиентите и потрошувачите;
  • Обезбедува лична посветеност и презема акција за континуирано подобрување на процесите и системот;
  • Работната рутина ја приспособува кон беспрекорна поддршка согласно системот, корпоративните иницијативи и најдобрите внатрешни практики.

 

Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.

Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Со праќање на Вашата апликација давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

 

Како да аплицирате:

Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:

Да пратат своја кратка биографија и писмо за интерес (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Агент за грижа за корисници“, најдоцна до 12.3.2019 година.

 

Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.

Полна чаша на Instagram