ОГЛАС ЗА РАБОТА: МЕНАЏЕР НА СМЕТКОВОДСТВО
Работна позиција исполнета со предизвици, проектни и работни задачи, наменски обуки и можност за личен и кариерен развој.
Што е тоа што го бараме:
- Висока стручна подготовка – ВСП VII/1 од областа на сметководство и ревизија, финансиски менаџмент;
- Најмалку 5 години работно искуство во областа на сметководство, од кои 2 години на раководна позиција во сметководство/финансии;
- Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за сметководители и овластени сметководители заверено во Регистарот на сметководители на РМ;
- Познавање на MCC, МСФИ, примена на сметководствени принципи и законски прописи;
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, PowerPoint), искуство во работа со системот SAP/ERP ќе се смета за предност;
- Одлично познавање деловен англиски јазик;
- Мотивација за работа во динамична работна околина, работа во тим и ефикасно координирање тим;
- Способност за проактивно, ефективно и аналитично работење.
Краток опис на основните одговорности:
Одговара за обезбедување навремена и точна евиденција на сметководствените настани и обезбедува контрола преку усогласување на главната книга со помошните книги за евиденција на основните и парични средства, залихите, побарувањата, обврските и капиталот. Обезбедува усогласеност на законските, интерните и корпоративните политики и процедури.
- Врши надзор над задачите на сметководството за време на месечните затворања, осигурувајќи навременост и точност;
- Одговара за навремено затворање на периодите за книжење;
- Обезбедува информации и го контролира процесот на затворање книжени приеми со влезни фактури;
- Пресметува и евидентира временски разграничувања и очекувани трошоци за периодот;
- Обезбедува точност во вреднувањето стварни трошоци на залихи;
- Координирање задачи за материјално – финансиско усогласување, усогласување разлики по попис и усогласување помошни книги со главна книга;
- Подготовка и навремено поднесување завршна сметка;
- Подготовка на статистички извештаи и периодични финансиски извештаи (БУ, БС и готовински тек);
- Раководи со тимот, советува, едуцира и дава предлози за развој на вработените.
Работниот однос се заснова врз определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Со праќање на Вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.
Како да аплицирате:
Кандидатите што ги исполнуваат наведените квалификации треба да аплицираат на следниот начин:
Да пратат своја кратка биографија (на англиски и на македонски јазик) на следната електронска адреса recruitmentteam.pivaraskopje@cchellenic.com со назнака називот на позицијата „Менаџер на сметководство“, најдоцна до 18.1.2019 година.
Пристигнатите апликации по рокот предвиден за пријавување нема да бидат земени предвид.