СТЕ СЕ ЗАПРАШАЛЕ ЛИ ОД КОГА СЕ ПОЧЕТОЦИТЕ НА РЕЦИКЛИРАЊЕТО?

Кој го измислил рециклирањето?

Рециклирањето природно се наметнало како вообичаен процес низ човечката историја – ниту една личност не може да се поврзе со неговото создавање.

 

Кога е измислено рециклирањето?

Рециклирањето датира од античко време. Додека првиот регистриран пример за рециклирање хартија го наоѓаме во  1031 година во Јапонија, древните култури вообичаено ги реупотребувале секојдневните предмети долго пред тоа – главно поради недостаток на ресурси и долгите производни процеси.

 

Хронологија на рециклирањето

Јапонија – 1031 – Првиот регистриран случај на рециклирање

За време на падот на јапонскиот царски двор во периодот Хејан, производството на хартија се одвоило од државната контрола бидејќи работниците постепено се споиле во заедничко општество (тогашна форма на работничка задруга). Како резултат на тоа, сопствениците на приватни имоти создале своевидни фабрики за хартија и ги ангажирале работниците да продолжат да прават хартија – токму тогаш процесот на повторна употреба на отпадна хартија (рециклирање) станал вообичаен. Целта била да се зачуваат материјалите и да се максимизира производството. Големо браво за Јапонците!

 

Филаделфија – 1690 година – Фабриката Ритенхаус

Првата фабрика за хартија во Америка е изградена од Вилијам Ритенхауз (Вилхелм Ритенхаузен) роден во Германија. Во фабриката се користеле стари ткаенини, текстил, памук и лен за да се произведе рециклирана хартија што се користела за печатење. Мелницата за хартија работела до средината на 1800-тите и била семејна индустрија на Ритенхаус повеќе од еден век.

 

Њујорк – 1776 – Прво рециклирање на метал

Војната за американската независност довела до првиот случај на рециклирање метал во обид да се помогне во војната. Имено, во Њујорк, статуата на кралот Џорџ III била урната, стопена и претворена во куршуми непосредно по читањето на новоизготвената „Декларација за независност“.  Од статуата биле направени 42.088 куршуми.

 

1896 The Coca – Cola Company го промовира првото шише за повторна употреба.

 

Чикаго – 1904 година – Првите американски погони за рециклирање на лименки и конзерви

Во Соединетите Американски Држави, производството на алуминиум во големи размери започнало во 1886 година, со создавањето на процесот Hall-Héroult. Ова брзо довeло до првите погони за рециклирање на алуминиумски конзерви и лименки, од кои првата работела во Чикаго, Илиноис во 1904 година.

 

Соединетите Американски Држави – 1970 – Логото за рециклирање „Mobius Loop“.

Денешното добро познато лого за рециклирање се раѓа во 1970 година кога Container Corporation of America одржле натпревар за пронаоѓање на нов симбол за рециклирана хартија. 23-годишниот студент по инженерство Гери Андерсон се пријавил со едноставно лого засновано на стрелки кои се вртат една околу друга. Тој победил, заработувајќи 2000 долари, а иконското лого оттогаш е вкоренето во јавната свест.

 

Пенсилванија 1972 – првата фабрика за рециклирање пластика

Првата фабрика за рециклирање на пластичен отпад била создадена во Коншокен, Пенсилванија во 1972 година, со што го трасираше патот за сите идни погони за рециклирање. Со текот на времето, владините програми и активистите за заштита на животната средина почнале да ги едуцираат луѓето за навиките на рециклирање и ги поттикнаа производителите да произведуваат пластика што е полесна за рециклирање. Овие напори се доведоа до усвојувањето на HDPE и PETE пластиката во 1980-тите, кои беа дизајнирани за лесно понатамошно рециклирање.

 

Барнсли, Јужен Јоркшир – 1977 година – Првата банка за шишиња во Обединетото Кралство

На 6-ти јуни 1977 година, Стенли Рејс ја фрлил првата празна тегла во првата банка за рециклирање стакло во земјата. Со ова  започна националниот тренд на банките за шишиња, каде што граѓаните може да  носат празни шишиња и тегли за да се рециклираат. Стаклото е материјал кој бескрајно се рециклира, а воведувањето на банки за шишиња е клучен момент што го направило рециклирањето стакло лесно за секого.

 

Канада – 1983 година – Системот за рециклирање Blue Box

Во градот Киченер, Онтарио, бил воведен системот за рециклирање Blue Box (сината кутија) како начин за ефикасно селектирање и собирање на отпадот од домаќинството. Системот на сини кутии го олеснило рециклирањето на пластика, хартија, стакло, алуминиум, челик и други материјали. Системот бил усвоен и модифициран низ целиот свет, и тој останува во употреба и до ден-денес.

 

1991 The Coca – Cola Company и Coca-Cola Hellenicза првпат воведуваат рециклирани материјали за производство на пластичните шишиња.

The Coca – Cola Company и Coca-Cola Hellenicстануват пионир во употребатана шишиња составени од мешана рециклирана пластика, давајќи ѝ нов живот на искористената пластика.

 

1995 година Америка го достигнува рекордот на рециклирање

Американците рециклираат рекордни 47,6 милијарди лименки од безалкохолни пијалаци, што е зголемување за 500 милиони во однос на претходната година. Алуминиумските лименки истата година се рециклирале со стапка од 63%.

 

2000: ЕПА потврди дека рециклирањето ги намалува емисиите на стакленички гасови

Критична точка во историјата на рециклирањето доаѓа во 2000 година, кога Агенцијата за заштита на животната средина ја потврдува врската помеѓу отпадот и глобалното затоплување. Токму тие изјавуваат дека најдобриот начин за намалување на емисиите на стакленички гасови (за успорување  на климатските промени) би било да се рециклира.

 

2018 The Coca – Cola Company и Coca-Cola Hellenicја лансираат кампањата World Without Waste

Компаниите ги објавија своите заложби дека ќе собираат и рециклираат еквивалент на 100 проценти од нивнатаамбалажа што е пласирана на пазаротт и ќе користат шишиња кои во својот состав ќе имаат најмалку 50 проценти  рециклирана пластика до 2030 година.

 

Каква е еволуцијата во нашата држава?

Во 2011 година се воведува првиот закон за рециклирање отпад од пакување. Законот ги обврзува сите производители и увозници кои се пласираат на македонскиот пазар, да организираат систем за собирање на отпадот од пакување што се создава од нивните производи, селектирање по видови и негово рециклирање. Првата дозвола ја доби компанијата „Пакомак.“ Денес свеста за рециклирање од ден на ден се повеќе расте, а за тоа покажува и се поголемиот интерес на граѓаните за рециклирање преку вендинг машините и контејнерите за селектирање. Колку повеќе рециклираме толку побрзо ќе ја постигнеме целта. Нула отпад насекаде!

СПОДЕЛИ: facebook twitter linkedin

Полна чаша на Instagram