Одговорна консумација

КОНСУМИРАВМЕ ОДГОВОРНО И ГО ПРОСЛАВИВМЕ ФИНАЛЕТО ОД UEFA СУПЕР КУПОТ

Одговорна консумација

Откако ги испративме и последните странски фудбалски фанови, може да здивнеме и да направиме резиме на овој историски момент што му се случи на Скопје – финалето од UEFA Супер Купот помеѓу Real Madrid и Manchester United,  светски настан во кој се покажавме во најдобро светло, и од аспект како домаќини, но и како одговорни граѓани кои знаат како да уживаат во фудбалот и пивото, одговорно.

Како пријатели на UEFA и Супер Купот, ја искусивме фудбалската моќ и раскош одблиску, а Heineken и Пивара Скопје им овозможи на своите консументи да бидат дел од овој неповторлив настан, а воедно им го дополни уживањето со големиот број промотивните активации за фудбалските фанови.фус

Изминативе денови, Скопје живееше во име на фудбалот и Супер Купот. Возбуда, емоции, еуфорија… Дали на стадион, во парк или некое кафуле, сите беа понесени од фудбалската атмосфера. Градот беше домаќин на 20.000 посетители од цел свет, дојдени специјално да уживаат во фудбалската магија. Заедно навивавме, се радувавме, славевме и уживавме во пивото, покажувајќи дека целиот еуфоричен настан може да помине без инциденти и во истиот магичен празничен дух.

Како компанија која цврсто верува и се залага во начелата за одговорна консумација на алкохол, горди сме на фактот што овој светски настан помина без инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир, без загрозување на безбедноста во сообраќајот – што покажува дека знаеме како да се радуваме и славиме, и со одговорно консумирање.

Во пресрет на Супер Купот, организиравме повеќекратни акции и кампањи со цел дополнителна едукација за одговорно консумирање. После овој успешен настан, во Пивара Скопје продолжуваме и понатаму да се залагаме за градење на пивска култура, со единствена мисија умереното пиење да стане „кул“. Одговорното консумирање е една од областите на кои се фокусираме во рамките на агендата за одржливост и сериозно пристапуваме кон промоцијата на одговорното консумирање, врз основа на конзистенција и континуитет на нашата работа.

Цврсто веруваме дека само одговорното консумирање може да ни овозможи вистинско уживање во пивото. А, тоа може да се постигне само преку континуирана едукација на населението – што е и една од основните заложби на Пивара Скопје.

Затоа, уште еднаш огромно браво до сите што покажавте дека заедно може да уживаме и да го славиме фудбалот, без прекумерено пиење и без инциденти.

Полна чаша на Instagram