СВЕТСКАТА РОК ЛЕГЕНДА БИЛИ АЈДОЛ НА СКОПСКОТО КАЛЕ, БЛАГОДАРЕНИЕ НА СКОПСКО

Скопје, 11-ти јуни 2010 – СКОПСКО останува доследно во својата мисија да им овозможи на граѓаните на Република Македонија и на главниот град, несекојдневни и незаборавни музички доживувања, преку гостувања на познати и атрактивни музички имиња кои, како една од посакуваните дестинации во своите светски турнеи ја вбројуваат и Македонија и тоа токму благодарение на СКОПСКО.

Овојпат на обожавателите од рок музиката од сите генерации во нашата земја СКОПСКО им го овозможи гостувањето на панк рок легендата Били Ајдол, кој во рамките на неговата европска турнеја, на 20.06.2010 година ќе одржи концерт на Скопското Кале.

„За љубителите на добрата рок музика од сите генерации, концерт на светска музичка ѕвезда од рангот на Били Ајдол претставува настан кој долго ќе се памети, настан проследен со радост, еуфорија и дружење. Овие чувства кај сите нас воедно се и првите асоцијации за СКОПСКО. Оттаму сосема оправдана и очекувана е нашата желба да ги споиме добрата музика, која е загарантирана со акордите и „рифовите“ на ѕвездите како Били Ајдол, со добрата забава за која е задолжено СКОПСКО“ изјави Мартина Мишеска, менаџер за пивските брендови во Пивара Скопје.

Првите асоцијациии за СКОПСКО се дружење, радост и еуфорија. Претстојниот концерт на рок легендата Били Ајдол е резултат на долгогодишната соработка помеѓу СКОПСКО и Авалон продукција. Како резултат на оваа соработка пред македонската публика меѓу другите се претставија и музичките легенди Боб Дилан, Карлос Сантана, Лени Кравиц и многу други светски музички ѕвезди.

„Скопско како докажан подржувач на сите урбани збиднувања во земјава и овој пат е дел од приказната наречена Били Ајдол. Освен што СКОПСКО е главниот „виновник“ што Македонија ќе може да ја види рок легендата во живо, на сите обожаватели ќе им овозможи да ја почувствуваат претконцертната атмосфера. Досега нашата соработка со СКОПСКО се покажала како одлична комбинација, па оттука сме сигурни дека и во иднина ќе носиме радост и убави моменти за сите љубители на добрата музика“, додаде Даниел Милошоски, Авалон продукција.

Се очекува Били Ајдол да се претстави пред македонската публика со своите најголеми хитови како што се „White wedding”, “ Dancing with myself”, “Rebel Yell”, “Eyes without a face”…, но и да изведе нови хитови со кои оваа музичка легенда ја продолжува својата блескава кариера која трае повеќе од три децении.

Полна чаша на Instagram