
THE MACALLAN TIME: SPACE MASTERY – 200 ГОДИНИ СОВРШЕНСТВО ВО СОЗДАВАЊЕ ВИСКИ
Со гордост, The Macallan ја претставува TIME: SPACE Mastery, уникатна и ретка single malt креација што ја отелотворува историјата, мајсторството и иновацијата стекнати низ два века. Ова ексклузивно издание на виски сведочи за посветеноста на The Macallan кон врвниот занает, комбинирајќи 14 извонредни видови буриња за да создаде неспоредлива длабочина, комплексност и карактер.
Како долгогодишен партнер на The Macallan, Пивара Скопје со гордост ја претставува оваа посебна едиција виски и ја носи во Македонија во строго лимитиран број од само 6 шишиња. Ова претставува вистинска привилегија за љубителите на ексклузивното single malt виски во нашата земја, ставајќи ја Македонија на мапата на светските метрополи што ги вреднуваат ретките и префинети виски искуства.
Исклучително мајсторство во секоја капка
Јуан Кенеди, главен креатор на вискито TIME: SPACE Mastery, вели:
„Инспирирани од мајсторите на минатото, ги истраживме сите ќошиња на нашите визби за да ја доловиме сложеноста на созревањето на бурињата, потеклото на дабот, големината на бурињата и карактерот на дестилеријата – сето тоа во едно исклучително шише. Европскиот даб останува во срцето на ова виски, придавајќи му елеганција и префинетост.”
Дизајн инспириран од природата и времето
TIME: SPACE Mastery е сместено во рачно изработено кружно шише, кое го симболизира кругот на животот и бескрајното патување од минатото кон иднината. Кутијата, иако суптилна однадвор, открива вибрантно црвена внатрешност – боја која е синоним за The Macallan. Со 200 детали во дизајнот, овој дизајн го слави двестегодишниот јубилеј на брендот, инспириран од уметноста на оригами – создавајќи заштитен оклоп за она што е највредно за The Macallan: неговото неспоредливо виски.
Сензорна симфонија во секоја капка
✅ Арома:
Богати кралски урми, слатки печени смокви и кремасто млечно чоколадо, нежно надополнети со суптилни ноти на мед и егзотично сушено овошје како манго и папаја, заокружени со сложени ноти на благ даб.
✅ Вкус:
Совршена рамнотежа на природна сладост, со сушено овошје натопено во шери, портокалов мармалад и меден крцкав слој. Деликатни зачински ноти од ѓумбир и цимет се развиваат низ вискито.
✅ Финиш:
Експлозија на карамелизиран ананас и кремаста ванила, проследена со суптилен баланс на темно чоколадо и кафе, кои траат долго по последната голтка.
Со оваа ексклузивна креација, The Macallan продолжува да ја гради својата легенда на извонредност, нудејќи искуство што ги преминува границите на времето и просторот.
Во чест на своето двестегодишно постоење, The Macallan го одбележува пристигнувањето на TIME: SPACE Mastery во Македонија со ексклузивен настан, кој ќе биде дел од глобалниот серијал настани што брендот ги приредува низ целиот свет за лансирање на своите јубилејни изданија. Ова несекојдневно искуство ќе им овозможи на љубителите на single malt вискито во Македонија да станат дел од историјата, прославувајќи го врвното мајсторство и наследство што The Macallan го гради веќе два века.