



СКОПЈЕ НА СВЕТСКАТА МАПА НА ВРВНИ ВИСКИ ИСКУСТВА – THE MACALLAN TIME: SPACE MASTERY ПОМПЕЗНО ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА
Во чест на своето 200 годишно постоење, The Macallan – ексклузивното single malt шкотско виски – ја претстави новата специјална едиција наречена TIME: SPACE Mastery. Настанот, во организација на Пивара Скопје која е ексклузивен и долгогодишен партнер на The Maccalan, собра љубители и познавачи на виски, претставници на медиуми и инфлуенсери кои имаа уникатна можност да се запознаат со лимитираната колекција и да пробаат различни производи од брендот.
Во уникатна и елегантна атмосфера, беше откриена The Macallan TIME: SPACE Mastery – специјалната едиција која во едно шише сплотува вкусови на виски одлежани во 14 исклучителни видови на буриња, создавајќи слоеви на комплексност со неверојатна длабочина на арома, текстура и вкус.
Специјалниот гостин, регионалната бренд амбасадорка Ана Метаксас, ја раскажа инспиративната приказна, мајсторството и посветеноста што стојат зад ова уникатно издание.
„Од 1824 година, The Macallan гради светска репутација не само поради својот извонреден вкус и посветеноста кон врвен квалитет, туку и поради заедништвото и суштинските разговори кои се водечка вредност на брендот. Бев многу пријатно изненадена од публиката која присуствуваше на The Macallan Time:Space Mastery настанот во Скопје. Прекрасно беше да се угостат лојалните пријатели кои го сакаат и следат брендот со години, но уште повеќе ми значеше можноста да пречекаме нови луѓе во светот на The Macallan и да ги водиме низ нашата историја и извонредно виски кое слави два века постоење и мајсторство во создавањето на најценетото single malt виски во светот,“ вели Метаксас.
Ексклузивна достапност на едицијата
Оваа ексклузивна едиција во земјава е достапна во само 6 шишиња. Дел од нив ќе бидат достапни за купување лојалните The Macallan ентузијасти, љубители на single malt виски и колекционери. Други ќе бидат достапни за дегустација во ексклузивни локали, вклучувајќи го и ресторанот и барот во Hilton Double Tree, каде што се одржа и самата гала вечера во чест на 200-годишнината на The Macallan.
Овој несекојдневен настан, како и TIME: SPACE Mastery едиција, се дел од глобалната прослава на 200-годишнината на The Macallan – јубилеј што ги слави наследството, традицијата и извонредноста на овој престижен бренд. Со оваа ексклузивна вечер и презентацијата на едно од лимитираните виски едиции, Македонија му оддава почит на овој голем јубилеј, ставајќи го на тој начин Скопје на мапата на светски метрополи кои ги препознаваат и носат во Македонија врвните искуства што може да ги понуди светот на вискито. Ова претставува почеток на едно наследство што ќе продолжи да расте, преку нови уникатни искуства за љубителите на виски во иднина.