



ВЕ ЗАПОЗНАВАМЕ ОДБЛИСКУ СО РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ ВО ПИВАРА СКОПЈЕ
Позицијата „Унапредувач на пазарот“ е срцето на Пивара Скопје АД. Истата е исполнета со комуникација, тимска работа, меѓу-секторска соработка, предизвици, и проектни работни задачи преку што секојдневно го согледуваш твојот придонес во успешноста на самата компанија.
Унапредувачите на пазар во Пивара Скопје се поделени во три сегменти, односно во три канали на теренска продажба, и тоа: продажба “Out of home,” којa опфаќа хотели, ресторани, кафеани и кафулиња, продажба ориентирана кон клучни купувачи, која се однесува на големите ланци на маркети, и продажба насочена кон помали продажни објекти.
Нашиот продажен тим го сочинуваат повеќе од 70 Унапредувачи на пазарот – млади, амбициозни, посветени поединци кои имаат силни продажни и преговарачки вештини, имаат желба за кариерен раст и се посветени кон остварување резултати.
Секој продажен тим се состои од Унапредувачи на пазар и тим лидер, кој ги поддржува во секојдневните предизвици во насока на остварување врвни резултати благодарение на тимската работа, меѓусебната поддршка и посветеноста.
Она што нас како компанија нè издвојува од останатите компании е нашата клучна корпоративна вредност – а тоа е купувачот на прво место. Затоа, целиот наш труд и тимска работа се посветени кон градење на партерски однос со нашите купувачи, кој ни овозможува заедно да растеме и заедно да се развиваме со нив, нудејќи уникатни искуства на крајните конзументи.
Дигиталните алатки, кои ги користат нашите Унапредувачи на пазарот, обезбедуваат неограничена достапност до информации и важни податоци за сите наши купувачи, а тоа пак на терен им ја олеснува работата, овозможувајќи им прецизни анализи, детални пресметки кои водат кон врвна продажба.
Една од клучните задачи на нашите Унапредувачи на пазарот е да се грижат за достапноста и видливоста на производите од нашето портфолио, како и да поставуваат промотивни активности во продажните објекти, кои ќе бидат наменети за крајните купувачи.
Секој Унапредувач на пазарот во Пивара Скопје уште првиот работен ден станува дел од нашата Академија за продажба која нуди лиценцирани обуки за раст и развој, кои на колегите им овозможуваат нови знаења и вештини и им помагаат кон остварување на успешни резултати.
Работата на терен е динамична и носи низа предизвици, затоа секој наш колега располага со врвна технологија која му го олеснува работниот ден, како и службено возило кое е на располагање 24/7.
Во Пивара Скопје, трудот на секој наш вработен се цени соодветно. Па така, пакетот на финансиски и нефинансиски бенефиции е креиран на начин соодветно да ги поддржи и награди сите заложби на нашите вработени.
Финансискиот надоместок на Унапредувачите на пазарот се состои од фиксен и варијабилен дел, односно фиксна загарантирана плата и дополнителен варијабилен надоместок, кој се исплаќа согласно реализираните месечни таргети.
Пивара Скопје на своите вработени им нуди еднакви можности за кариерен раст и развој, па така преку низа обуки и тренинзи достапни во рамки на компанијата, а поддржани од нашите две Групации Coca Cola Hellenic и Heineken, нашите колеги на оваа позиција имаат можност да се надоградуваат, да се развиваат и да добијат можност да растат во рамки на организацијата на повисоки работни позиции.
Звучи интересно? Следете ги објавите на нашата веб страница и на социјалните медиуми и доколку се гледате себеси како дел од тимот Пиварци, ја очекуваме вашата професионална биографија на активните огласи за работа.