ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ЕДУКАТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ПИВАРА СКОПЈЕ ЈА СПРОВЕДУВА БЕСПЛАТНАТА ОБУКА ЗА МЛАДИ, „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ“

Откако минатата година Пивара Скопје, Агенцијата за вработување и компанијата за деловна едукација „Мотива“, потпишаа договор за реализација на бесплатната обука “Вештини за успех” за стекнување знаења и вештини коишто ќе им помогнат на младите невработени лица полесно да ги надминат пречките при вработување или ќе ги охрабрат да започнат свој бизнис, низ едукативниот центар на Пивара Скопј, преку пет обуки досега поминаа повеќе од 350 млади лица. Индексот на задоволство на учесниците од обуката надминува 96%, а од досегашните учесници, само од првите три обуки, повеќе од 60 млади луѓе успеале да најдат вработување.

Целта на овој проект е пред се, отворање нови перспективи за младите, зголемување на вработеноста и натамошен развој на претприемничката култура преку мотивација, охрабрување и оспособување на младиот потенцијал во земјата и претставува проект кој одлично се вклопува во мерките и напорите на надлежните држaвни институции и Владата за натамошно намалување на невработеноста, особено кај младите.

Целокупните трошоци за реализација на обуката ги покрива Пивара Скопје, со што се овозможува тие да бидат целосно бесплатни за сите учесници.

Оваа обука е всушност екстензија на долгорочната програма за развој на младите што се реализира во Едукативниот центар на Пивара Скопје уште од 1997-ма година. Во изминатите 20 години, програмата на Едукативниот центар на Пивара Скопје ја поминале повеќе од 3800 млади од кои голем дел биле невработени или на почетокот на својата кариера. На повеќе од 80% од учесниците оваа програма им помогнала да најдат работа, а околу 4% од нив ги охрабрила да започнат сопствен бизнис. За евидентните резултати и својот општествен придонес Едукативниот центар на Пивара Скопје ја доби „Националната награда за општествено одговорни практики“ за 2011-та година, во категоријата „Вложување во заедницата“. Центарот е член на Европскиот совет за деловна едукација со седиште во Женева, Швајцарија.

Вештини за успех е долгорочен проект, а до крајот на 2017 година ќе следат уште неколку обуки.

Полна чаша на Instagram