
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО АКАДЕМИЈАТА ЗА ПРОДАЖБА – ИНОВАТИВЕН НАЧИН ЗА УСОВРШУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТИТЕ НА ПРОДАЖНА СИЛА ВО ПИВАРА СКОПЈЕ
Пивара Скопје континуирано го развива своето портфолио за да нуди пијалаци за секоја пригода во текот на денот и да биде 24/7 партнер за пијалаци на купувачите и потрошувачите. Ова е една од најважните стратешки заложби на компанијата, а за таа цел потребно е да имаме континуиран раст и развој на нашата продажна сила.
Унапредувачите на пазарот се срцето на нашиот бизнис. Поделени во три сегменти, односно во три канали на теренска продажба: „Out of home” којa опфаќа хотели, ресторани, кафеани и кафулиња, продажба ориентирана кон клучни купувачи, која се однесува на големите ланци на маркети, и продажба насочена кон помали продажни објекти.
Со повеќе од 70 Унапредувачи на пазарот и повеќе од 15 лидери на тимовите од клучно значење е развојот на нивните продажни и преговарачки вештини, нешто за што е задолжен секторот за развој на комерцијални способности. Овој сектор е сочинет од тројца колеги кои континуирано работат на развивање на клучните вештини на нашата продажна сила.
A што тоа подразбира? Ни објаснува Гоце Митев, менаџер за развој на продажни способности, кој заедно со Александар Крстевски и Јован Русески се движечката сила зад овој сектор и ја водат Академијата за Продажба.
Гоце Митев, менаџер за развој на продажни способности во Пивара Скопје
Работи во компанијата повеќе од 11 години, развивајќи ја својата кариера главно во секторот за продажба. Од 2021 година, тој го има задоволство да раководи со тимот за способност за продажба во Пивара Скопје. Овој тим се состои од 2 лидери за продажни способности Александар и Јован кои имаат искуство во продажба. Тие се одговорни за градење на продажните вештини на нашите извонредни продажни тимови.
Можете ли да ни кажете повеќе за важноста на развојот на компетентноста на продажниот тим во нашата компанија?
Развојот на знаењето, продажните вештини и секако продажните компетенции на нашите продажни тимови е еден од нашите врвни приоритети. Нашите продажни претставници се основата на нашиот бизнис. За да ги подобриме нивните вештини, во 2021 година ја основавме Академијата за продажба. Ова групациска платформа за учење се состои од серија дедицирани обуки на различни нивоа на експертиза.
Кон кого се наменети обуките од Академијата за продажба?
Првенствено, за сите нови вработени во одделот за продажба. Задолжително е целосно комплетирање на наставната програма и стекнување на лиценцата за почеток (Licence to START) од академија за продажба која е составена од 16 сесии и модули за развој. Дополнително, од нашите веќе постоечки унапредувачи на пазарот се бара да го освежуваат своето знаење еднаш годишно за да се осигураат дека ќе останат ажурирани со најновите практики и техники според лиценцата за продажба (Licence to SELL) која е составена од дополнителни 15 развојни модули на академијата за продажба и за сите оние кои имаат исклучителни остварувања во делот на перформанс, се дел од лиценцата за водење (Licence to LEAD).
Кои се различните нивоа на обука што ги нуди Академијата за продажба? Академијата за продажба нуди четири нивоа на обука: Првото ниво е за Агентите за телефонска продажба, Второто ниво е наменето за Business Developers (Унапредувачите на пазарот), третото ниво е наменето за лидерите на тимовите за продажба. Четвртото ниво кое планираме да го лансираме кон крајот на месец Октомври ова година е KAM Academy и е дизајнирана за менаџери за продажба на клучните купувачи. Овие обуки ги спроведуваат квалификувани обучувачи како од земјата така и од регионот кои им помагаат на учесниците да ги стекнат клучните вештини неопходни за нивните улоги.
Кои се некои клучни области опфатени во сесиите за обука на Академијата за продажба?
Нашите обуки покриваат широк спектар на теми, вклучувајќи: Познавање на нашето портфолио на производи, Продажни вештини, Техники на преговарање, Оперативна ефикасност, Процесна дигитализација, Управување со времето. Овие сесии се циклично организирани за сите вработени во продажбата и одделенијата за поддршка притоа користејки ги eLearning платформите како MYcro Learning и eBoosters.
Кои иновативни методи или технологии за обука ги користи Академијата за продажба за да го подобри учењето и ангажирањето?
Академијата за продажба користи неколку иновативни методи и технологии за да го подобри учењето. Tехники за гејмификација за да го направиме учењето забавно и конкурентно и аналитика управувана од вештачка интелигенција за да ги приспособиме програмите за обука на индивидуалните потреби. Дополнително, нашата платформа за дигитално учење им овозможува на вработените пристап до материјалите за обука во секое време, на кое било место, што значително ја зголемува флексибилноста и ангажираноста.
Во индустријата која постојано се менува, како Академијата за продажба ги одржува своите програми за обука ажурирани и усогласени со тековните трендови?
Постојано ја ажурираме нашата наставна програма врз основа на најновите индустриски трендови и повратни информации од нашите тимови за продажба. Ние, исто така, соработуваме со надворешни експерти и индустриски лидери за да донесеме нови перспективи и увиди. Константно бараме нови прилики за раст и развој на нашите способности а имаме и тесна соработка со дел од универзитетите во нашата земја.